И АХВ тврди дека не добиле официјално известување од здравствените институции за труењето.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 јули, 2020 19:07

Голем број лица затруени во скопска сендвичара- надлежните не ја затвораат

Фото/Текст извор: ©Сител.мк

Затруени граѓани од скопска сендвичарница завршуваат на инфузија во болница. Деновиве голем број лица се пожалија на висока температура, дијареа, грчеви во стомакот откако како што тврдат јаделе во Гранд Бургер, дознава Сител.мк!

Голем број од нив купиле од храната за време на викендот и по неколку часа настапило труењето. 19 годишниот Мартин Ливрински за Сител сведочи дека  јадел хамбургер заедно со својот другар, па веднаш потоа добил силни грчеви во стомак кои го разбудиле по што почувствувал и висока температура. Помош побарал во приватна болница.

Мартин се уште не се чувствува добро иако поминале 4 дена.

Меѓу затруените се Инес Ефремова и нејзиниот сопруг. Нарачале по телефон хамбургери со помфрит за дома во саботата.Истите симптоми ги почувствувале рано утрото и прво се посомневале на вирусот Ковид 19. Помош побарале во брзата помош а оттаму ги упатиле во ургентниот центар на болницата 8 септември а потоа на клиниката за Токсикологија.

На Токсикологија, околу 22:30 часот исто ни потврдија дека повеќе луѓе од “Гранд бургер” пријавиле труење дента и веднаш ме примија. Таму се онесвестив,па примив кислород и три шишиња инфузија и ме задржаа до 7 часот следниот ден. Сега сум дома, уште се чувствувам лошо и чекам резултати од копрокултура за да се потврди конкретната бактерија, изјави Инес Ефремова.

Труење од сендвичите на гранд бургер имаат и мали деца. Бројни реакции стигнуваат преку социјалните мрежи. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека до сега нема пријава од скопскиот центар за јавно здравје за случајот со труењето за да излезат на терен и времено да ја затворат сендвичарницата. Не јасно е зошто никој не реагирал за случајот и кој потфрлил по толкав број на пациенти кои тврдат дека со симптоми на труење завршиле во болница. Додека здравствените служби чекаат официјална пријава од АХВ веќе постапиле.

И АХВ тврди дека не добиле официјално известување од здравствените институции за труењето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој што ќе донесе одлука децата да се вратат во училишните клупи треба да биде сигурен дека нашите образовни институции имаат капацитети и ресурси

Героски: Не експериментирајте со здравјето на нашите деца, нема да ви биде простено!

Сигурен сум дека нема родител на дете на училишна возраст којшто не сака неговото најмило...

Организатор на маратонот е пливачки Клуб ВАРДАР 2018, а воедно ова е првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” и натпревар организиран во Крушево.

Во недела во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“

На 9-ти август во 11 часот на Крушевско Езеро за прв пат ќе се одржи маратон во пливање....

ОНА командантот имаше приложено психијатриска потврда до надлежните од инвалидската служба во Луцерн, која потврдуваше работна неспособност, поради боледување од параноидна шизофренија. Истата е потврдена и од Швајцарскиот суд.

Ахмети во Швајцарија примал инвалидска пензија за параноидна шизофренија?

Имено се до моментот кога отпатува на македонскиот фронт 2000-та година, иако се смета...