Концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, информира „Авалон продукција“.

Објавил: Сара Фемина | 12 февруари, 2019 20:47

Голем концерт на Влатко Лозаноски на 23 март во Скопје

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Голем концерт на Македонската музичка звезда Влатко Лозаноски во ВИП Арената во Борис Трајкоски на 23. март 2019 година.

ВРЕМЕ Е ЗА ГОЛЕМ КОНЦЕРТ НА ЛОЗАНО ВО СКОПЈЕ!
Драги пријатели,
Големо задоволство ни е да Ви го најавиме нашиот следен проект.
После повеќе од десет години на сцената, навистина дојде време за сигурно еден од најквалитетните вокали на Балканот во моментов, Влатко Лозаноски да има свој голем концерт во Скопје.
Момчето кое има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот, ќе се претстави пред македонската публика на 23-ти март во ВИП Арената, со почеток од 20:30 часот.
Концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, затоа што мислењето на Авалон Продукција е дека Влатко Лозаноски заслужува ваков третман.

Негов прв јавен настап беше како член на македонското талент шоу Мак Ѕвезди во септември 2007 година. Еден месец подоцна, тој доби гран при награда на првиот Македонски Радиски Фестивал наречен Ѕвездена ноќ. Ја пееше песната Врати ме, што воедно е и неговиот прв сингл, додека негов втор сингл е Обичен без тебе. Во 2009 учествуваше во македонскиот избор за песна на Евровизија со песната Блиску до мене и се пласираше четврт. Во јуни истата година настапи на фестивалот Pjesma Mediterana во Будва, Црна Гора. 2010 година учествуваше на македонскиот избор за песна на Евровизија со песната Летам кон тебе, но го освои четвртото место.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда наутро (13-ти февруари) во 09 часот преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на www.avalon.mk, по следните цени и категории:
ПАРТЕР- 500 денари
ФАН ПИТ- 800 денари
ТРИБИНИ- 700 денари
SILVER SEATS- 800 денари
GOLDEN SEATS- 900 денари
ВИП- 1.000 денари
„Сонце не ме грее“, „Ова лето ќе се памти“, „Јако јако“, „Мандарина“, „Километри“ и уште многу други песни што ја одбележаа кариерата на Лозано, ќе прозвучат во живо во Скопје, а не се сомневаме дека ВИП арената за концертот на Лозано ќе биде полна до последно место.
Oдиме понатаму,
Авалон Продукција

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Покрај пеењето и придружните вокали додека снима , Кравиц често свири на сите гитари, басови , бубњеви, клавијатури, ударни инструменти .

Американската рок-легенда ЛЕНИ КРАВИЦ во СКОПЈЕ- ја посети старата чаршија и се фотографираше со фановите!

Лени Кравиц, Американската рок легенда моментално се наоѓа во Скопје, по повод неговиот...

Со нумерата  „Километри“,  Влатко Лозаноски-Лозано го почна завчеравечер својот прв голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје

После долго време концерт за паметење од македонски пејач!

Ова скромно момче, кое веќе петнаесетина години е присутно на македонската естрада,...

ВИП Арената Борис Трајкоски е преполна до последното место. Влатко Лозаноски излезе на сцената и го започна својот прв солистички концерт во кариерата.

Влатко Лозаноски на вечерашниот концерт до последно место ја наполни салата Борис Трајковски

Во тек е првиот голем солистички концерт на Влатко Лозаноски во ВИП Арената „Борис...