
Македонија
Инциденти
Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова шума, а куќите не се загрозени.
Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.
„Засега гори само шума, нема опасност за куќите“, велат од селото.
Од ЦУК информираат дека ќе се обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж.
Известена е и Дирекцијата за заштита и спасување, Локалните едининици за противпожарна заштита, Министерството за внатрешни работи, а и другите субјекти од Системот за управување со кризи, согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи“, се наведува во соопштението.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.