Очевидците велат дека пред избувнувањето на пожарот, од гаражите се слушнале две експлозии, најверојатно на плински боци.

Објавил: Валерија Петрова | 10 септември, 2019 22:47

Голем пожар во Козле

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Секој ден има по неколку пожари низ државава, вчера гореше семејна куќа во скопската населба Бутел , денеска гори во скопско Козле.

Како што објави МКД.МК, во скопската населба Козле во тек е интервенција на противпожарната бригада по пријавувањето за запалени стари гаражи.

Очевидците велат дека пред избувнувањето на пожарот, од гаражите се слушнале две експлозии, најверојатно на плински боци.

Нема опасност од ширење на пожарок кон куќите.

Исто така денеска голем пожар беснееше и во прилепско, каде жителите од селото Подмол стравуваа да не дојде пшожарот и до куќите.

За среќа пожарот е изгаснат, но сепак жителите ќе стражарат цела вечер за да случајно истиот не се повтори. Но сега опасност постои за околните села Лопатица и Бонче каде се префрли огнот.

Во гаснењето учествуваа мештаните и екипата на ТППЕ Прилеп кои се трудеа со крајни напори затоа затоа што не располагаат со доволен број на човечки кадар, ниту пак со соодветна механизација и теренски возила.

Ова лето пожарникарите имаа навистина многу работа насекаде по неколку пожари беснееа, Општините како знаеа се се мобилизираа и со сите сили се бореа со пламените јазици.

Најголем пожар до сеа избувна во Велес во блзиина на езерото Младост, каде пламените јазици се доближија и до автопатот Скопје-Велес.

Исто така гореше и на Скопска црна гора каде исто пожарникарите теѓко се бореа со пожарот за да го изгаснат.

Некои пожари во Македонија се подметнати некои избувнаа поради екстремните температури кои ја зафатија целата теритотија на нашата земја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Факт е дека низ целата наша историја овде виреел и се негувал еден мултиетнички и мултиконфесионален општествен концепт, кој токму на овие македонски простори се покажал како најодржлив.

Кој и зошто го нуди концептот за „македонска политичка нација“?

Дефинициите за нација речиси во сите енциклопедии започнуваат со констатацијата дека...

Од досега спроведените мерки и активности на МВР за борба против уличното дилерство во текот на изминатите два месеца на територијата на Македонија запленети се вкупно околу 22 килограми марихуана

ДРОГА, АПСЕЊА И КОРУПЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Полициска акција на 54 локации во 24 градови(видео)

Во координирана полициска акција на 54 локации во 24 градови пронајдени и одземени се...