На лице место се наоѓаат 15 пожарникарски возила, потврди командантот на Противпожарната единица, а околу ротираат уште неколку возила кои се на готовс да помогнат.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 јуни, 2019 23:16

Голем пожар поради топлотниот удар ја зафти Швајцарија, ГОРИ ФАБРИКА ЗА ПЛАСТИКА ВО БАЗЕЛ!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вечерва околу 21:30 минути во предградието на Базел, Швајцарија поради големите температури се запали фабриката “Галванпласт”, која се занимава со платифицирање и производство на пластични производи.

На лице место се наоѓаат 15 пожарникарски возила, потврди командантот на Противпожарната единица, а околу ротираат уште неколку возила кои се спремни да помогнат.

За сега нема повредени лица, но на мештаните им е наредена евакуација во соседните Места Мутенџ и Френкендорф.

Швајцарските пожарникари, сeкогаш на висина на задачата.На лице место се наоѓаат 15 пожарникарски возила, потврди командантот на Противпожарната единица, а околу ротираат уште неколку возила кои се спремни да помогнат.

Од страна на стручни лица, проверен е воздухот и до овој момент, не се пронајдени отровни супстанци, но сепак се оди на внимателност, бидејќи сеуште не се знае што точно гори, поради што се гаси само со вода.

Додека го пишуваме текстов, во 23:20 часот фабриката сеуште е во пламен, по се изгледа ветрот кој почна да дува кон исток, им ја отежна работат на младите пожарникари.

На опожареното место, владее голема професионалност, затворени се сите околни улици, а тука се и екипите за брза помош кои се спремни да помогнат. Војската е исто така спремна да помогне, но засега цивилната заштита се има под контрола.

Кај населението во Базел, владее голема паника, а надвор температурата сеуште е околу 32 степени, што целата акција додатно ја отежнува.

Прекинати се сите активности и затворени се бензиските пумпи. Швајцарските медиуми само што известија дека има огнена стихија и дека нема повредени, но моментално не се знае што гори.

Нашиот репортер од Швајцарија кој е на лице место потврдува дека глетката е страшна , насекаде има густ чад, а запрени се и возовите кои минуваат во близина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Интересно е тоа што оваа апликација ги синтетизира сите податоци пријавени во реално време од дирекцијата за јавната трансформација, а шефот на државата има пристап до активностите на целиот владин тим на Едуар Филип.

Макрон со помош на апликација ги контролира своите министри и нивната активност

Францускиот претседател Емануел Макрон користи апликација со која има пристап до...

Сноуден во интервју за француското радио „Франс ентер“ истакна дека „би сакал да види“ дека францускиот претседател Емануале Макрон ќе направи гест и ќе му овозможи да живее во Франција.

Сноуден: Се надевам дека ќе добијам азил во Франција

Едвард Сноуден, поранешниот американски разузнавач и свиркач изјави дека се надева...

Како што пренесуваат српските медиуми, овој арсенал бил сокриен на само 300 метри од базата на Војската на Србија "Печено брдо".

БИА го разби терористичкото гнездо во ПРЕШЕВО: Во куќа на Албанец пронајдено оружје на само 300 метри од базата на војската од Србија!

Припадниците на БИА денеска во куќа на Албанец во селото Печено во општина Прешево,...