Имено, обвинителката Лиле Стефанова била должна во истрагата да го сослуша осомничениот Никола Груевски.

Објавил: Владо Марин | 25 август, 2021 10:26

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ВО СЛУЧАЈОТ „ПЛАЦЕВИ НА ВОДНО“ Обвинителката Стефанова се служи со фалсификувана изјава на Никола Груевски

Фото/Текст извор: ©plus info

За да не ѝ пропадне обвинението за „Плацеви на Водно“, зашто во истрагата не е сослушан првообвинетиот Груевски, обвинителката Лиле Стефанова се послужила со груба измама – ископала стара изјава на Груевски од 2015 година, ја сменила ознаката од РО во КО и ја вметнала во доказите. Судиите кои го оценувале нејзиниот обвинителен акт не ја забележале оваа божемна „техничка грешка“. Овој скандал од судењето прави фарса, пишува Plus Info!

Новите судски рочишта за предметот „Плацеви на Водно“ в понеделник продолжуваат во сенка на големиот скандал што се откри на последната сесија на Кривичниот суд, кога се дозна дека контроверзната јавна обвинителка Лиле Стефанова со фалсификуван доказ го затворила предметот  и на Судот кој го оценувал обвинителниот акт му подметнала изјава на Никола Груевска, кого таа ниту го видела, нити го сослушала во истрагата што ја водела.

Груевски морал да биде сослушан во истрагата за „Плацеви на Водно“

За неупатените, мало појаснување: секој обвинителен акт, пред да стане правосилен и пред да почне судењето, оди на претходна оценка во Судот, во случајов пред тројца судии на Одделот за организиран криминал на Кривичниот суд во Скопје. Тие оценуваат дали актот што го поднесува јавниот обвинител е издржан и дали треба да се преземат некои други дејствија. Во принцип, многу ретко се случува обвинителен акт да „падне“ во оваа фаза на постапката. Но, во случајов, тие морале да воочат еден многу сериозен проблем.

Имено, обвинителката Лиле Стефанова била должна во истрагата да го сослуша осомничениот Никола Груевски.  

Во истрагата за „Плацеви на Водно“, а не во некоја друга истрага. Во предметот „Плацеви на Водно“, за кој истрагата била отворена во 2020 година, првоосомничен, па обвинет, е Никола Груевски, кој се гони за перење пари. Станува збор за сума од над 1,3 милиони евра наводно партиски пари, донации во ВМРО ДПМНЕ, кои, според обвинението, Груевски ги пуштил во оптек за купување на плацевите. Без Груевски во приказната, предметот на Стефанова паѓа во вода.

Но, во време на отворање на истрагата, Никола Груевски е избеган во Унгарија, па Стефанова ниту можела да го види ниту да го сослуша. Порталот Сведок, од перото на новинарот Саше Димовски, одличен познавач на приликите во нашето правосудство, потсетува дека обвинителката Вилма Русковска, која ја води истрагата за предметот „Организатори на 27 април“, ја запрела постапката против Груевски поради неговото бегство. Инаку, двата предмета се во рацете на ист судија, Илија Трпков.

Ем обвинителка ем итроманка

Очигледно свесна за големиот пропуст во истрагата и за неопходноста во „Плацеви на Водно“ да ја запре постапката против Никола Груевски и да му се суди кога ќе се создадат услови за тоа, обвинителката Стефанова морала да најде начин да се „снајде“. Рековме веќе, целиот предмет „Плацеви на Водно“ се темели на фабулата дека неколку луѓе перат пари што Груевски ги зел од партиската каса – ако го нема поранешниот партиски лидер и премиер за „черечење“ пред судот, практично нема предмет.

Што сториле Лиле Стефанова, за која обвинетиот Орце Камчев тврди дека го конструирала случајот „Плацеви на Водно“, за да му се одмазди за аферата „Рекет“, односно за храброста што прв од македонските бизнисмени што биле рекетирани од дуето Боки Јовановски – Катица Јанева проговори и понуди конкретни докази за тој мега скандал?

Иако била должна да ја запре постапката против Никола Груевски и да му се суди кога ќе се создадат услови за тоа, Лиле Стефанова, мангупски, се снашла, си позајмила изјава од 2015 година, што ја дал Никола Груевски во ОЈО Скопје, заведена под РО број (кога нема отворена истрага за конкретен настан/кривично дело – пријавата била за „злоупотреба“), па ја сменила ознаката во КО (како да го сослушала во истрага) и таквиот документ им го подметнала на судиите, а тие, тројцата судии што го ценеле актот, најверојатно без да го отворат предметот, го потврдиле обвинението, фаќајќи се на јадицата на лукавата обвинителка Стефанова, тврди порталот Сведок.

Друго објаснување тешко се наоѓа, пишува авторот Саше Димовски, зашто ако судиите го виделе понудениот доказ, ќе виделе дека станува збор за изјава од три реда, дадена во 2015 година, а сите други дејствија и докази им се од 2020 кога била водена истрагата. Само оваа изјава, која е под реден број 14 на листата на доставени докази до Советот за оценка на актот, е од 2015 година, но со сменета ознака, КО наместо вистинската РО.

Изјавата која ја „позајмила“ Стефанова е дадена на 31 август 2015 година пред ОЈО Скопје, каде што обвинител бил Мартин Митрески, а Груевски негирал во тие три реченици дека има била каква поврзаност со фирмите купувачи на земјиштето на Водно.

Стефанова се вади – станува збор за „техничка грешка“?!

Порталот Сведок испратил прашање до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција зошто го направила ова Стефанова и како зела изјава на која ѝ ја сменила ознаката, со што ги насамарила и судиите, иако била свесна дека перењето пари за кое го обвинува Груевски е исклучива надлежност на ОЈО ГОК, а не на ОЈО Скопје. Од службата за информирање, која се опреми со илјадници евра странски пари за да биде ефикасна и транспарентна, порталот нема добиено одговор.

На судењето во петокот, пишува Димовски, сардисана со напади од адвокатите дека направила фалсификат, Стефанова признала дека постапката е водена во РО а не во КО, но дека тоа била „техничка грешка“ и продолжила да ја води постапката. Новинарот тврди дека одбраната на обвинетите во „Плацеви на Водно“ не ја виделе на време оваа манипулација на обвинителката Стефанова на време, за да приговара при оценката на обвинителниот акт. Адвокатите на последното рочиште бараа судот да реагира, но Законот за кривична постапка не предвидува таква можност, па судијата Трпков оправдано ги одбил таквите предлози.

Правен експерт со долгогодишно искуство во правосудството за Плусинфо коментира:

– Без оглед дали бранителите на обвинетите направиле пропуст или не, судиите кои го оценувале обвинителниот акт биле должни да го забележат фалсификатот на Стефанова. Сега, кога таа и јавно го признава, оправдувајќи се дека станува збор за некаква техничка грешка, процесот „Плацеви за Водно“ се води со т.н. фатална маана. Кога се судат луѓе, не се дозволени ни вистински, а камоли божемни технички грешки. Не можете некого да осудите и да испратите на робија поради техничка грешка. Мое мислење е дека најмалку што мора да стори обвинителката Стефанова е да се повлече од предметот. Втора опција е да дојде до разрешување на Стефанова и на судиите, но веќе знаеме дека во нашето правосудство важи онаа народната „врана на врана очи не си вади“. Во секој случај, при пресудувањето, судечкиот судија мора да води сметка за оваа сериозна повреда на процедурата. Сепак, ова се нови околности во процесот и јас мислам дека за ситуацијата треба да се бара соодветен правен лек уште веднаш, а не да се чека.

Уште еден голем срам за македонското божем реформирано правосудство!

Плусинфо дознава дека обвинетите и нивните бранители набрзо ќе ги сардисаат итрата обвинителка Стефанова и судиите кои го оценувале нејзиниот обвинителен акт со кривични пријави за фалсификат и за злоупотреба на службената положба и овластувања.

– Срамота е да се покренуваат и да се водат вакви сериозни судски процеси, да се обвинуваат луѓе за криминал, а обвинителството во постапката да се служи со вакви подметнувања и фалсификати. Та не е ли токму обвинителството повикано да ги штити државата и граѓаните од фалсификати, од вакви очигледни злоупотреби на службената положба и овластувања? Сега имаме и меѓународен мониторинг на овие процеси, барем така беше најавено. И што ќе видат странците? Ќе видат дека судските процеси кај нас се водат како во педесеттите години на минатиот век, со подметнувања, со лажни докази, со навивање во судницата кога толпата сеирџии вика „смрт“ и „предавници“. Тоа ли е сликата што сака да ја продаде идната членка на Европската унија? Тоа ли е тоа нашето реформирано судство? – вели извор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

И двајцата се вмешани во аферата со македонските дипломати во Ерменија, а молкот на македонските институции за овој скандал продолжува.

Обвинителство на Ерменија: Mиленкоски и Димитријевиќ се обвинети за измама и незаконско преминување граница

Двајца македонски државјани, дипломат и бизнисмен, чекаат да бидат (или веќе се) екстрадирани...

Појасен доказ и показател за тоа како се местат тендери, за фирми блиски до СДСМ, нема. Појасен показател како се испумпуваат народните пари, нема. Појасен показател од ова, дека ЈП на Град Скопје и нивните директори тонат во криминал, нема.

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и Весковски наместиле тендер тежок 300.000 евра?

Димче Арсoвски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера обвини за скандал и криминал во кој,...

Ваквиот прекин беше предизвикан од неколкумина поединци кои на крајно некоректен и насилнички начин го блокираавлезот на винарницата и со тоа им попречија на над 200 вистински лозари кои денеска беше планирано да го предадат своето грозје во „Тиквеш“.

„Тиквеш“ е принуден да го прекине откупот поради блокада од страна на поединци кои манипулирале со квалитетот на грозјето

И покрај тоа што „Тиквеш“ е единствената винарница во земјава која оваа година дефинираше...