
Спорт
Свет
Тајсон Фјури Светскиот шампион во ВБЦ ги откри имињата на противниците со кои ќе се бори на следните три натпревари.
Веќе беше познато дека следниот натпревар ќе биде против Дионтај Вајлдер, во кој тој ќе го одбрани за прв пат појасот на ВБЦ, по што следеше двомеч против Ентони Џошуа.
„До крајот на годината, дефинитивно ќе биде реванш против Вајлдер, а потоа имам два меча со Ентони Џошуа“, рече Фјури.
Интересно е што британските медиуми напишаа дека Фјури би можел да му плати на Вајлдер да се тргне од Jошуа, за Фјури да одигра натпревар со Џошуа за апсолутен светски шампион. Се зборуваше за 10 милиони фунти, што Фјури категорично ги демантираше.
Весниците објавија дека тој бара 10 милиони фунти.
Јас ќе го победам и на тој начин ќе го тргнам од патот. До крајот на годината повторно ќе го нокаутирам, а потоа во 2021 година ќе одиме во најголемата борба во историја против Џошуа“, објави Фјури.
Фјури ја освои титулата на 22 февруари буквално осакатувајќи го Вајлдер во 20 минута од борбата.
http://https://www.youtube.com/watch?v=0i_PBTQAtWQ&feature=emb_title
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.