Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева беше исфрлена од судницата по наредба на судијката бидејќи непосредно пред крајот на сведочењето на Стефанова, таа дофрли навредливи зборови кон неа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јануари, 2020 13:15

“Гомнарке, ороспијо”- Јанева со погрдни зборови кон Стефанова

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По два пати одложување, денеска конечно обвинителката Лиле Стефанова денеска сведочеше пред Кривичниот суд за случајот „Рекет”.

Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева беше исфрлена од судницата по наредба на судијката бидејќи непосредно пред крајот на сведочењето на Стефанова, таа дофрли навредливи зборови кон неа.

Кога Стефанова заврши со сведочењето, Јанева по неа извика : “Гомнарка, ороспијо”.

Обвинителката Лиле Стефанова и пред неколку месеци преку соопштение објавено на СЈО информираше дека помеѓу неа и Катица имало несогласувања.

На излегување од судницата Стефанова на новинарите им рече: “Мачето и го возев, затоа не чинам”.

Стефанова денеска сведочеше како течела истрагата за „Империја”.

– Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес. Истражителите дојдоа во 6 сабајле, Камчев ги дочека облечен и подготвен. Таму беше и Зоран Милески Кичеец, а подготвена чекаше и неговата сопруга Ана. Кога се вршеше претрес во „Орка Холдинг“, канцелариите веќе беа исчистени, а таму чекаа Михајло и Филимена Маневски.

Стефанова пред судот рече дека речиси секогаш обвинетите во случајот Империја, го знаеле следниот чекор на обвинителството. Таа додаде дека Камчев се обидувал да влијае преку политичари, емисари, обвинители, судии, бизнисмени.

Стефанова денеска рече дека Јанева ја принудувала да го затвори случајот „Империја“ и да се пуштат од притвор Камчев и Панделевски и уште тројца осомничени во Империја.

Претходно Стефанова во судницата на почетокот на судењето рече дека не е скарана со Катица Јанева, но дека не е во добри односи.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во сабота православните верници го слават празникот Задушница, а обичаите налагаат да се посетат гробиштата. Поради ова, министерот денеска посочи дека можно е воведување на полициски час но тоа ќе се одлучи во следните неколку дена .

Полициски час или карантин за време на продолжениот викенд?

Сите опции се отворени, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство...

Затоа не се вештачи мојот телефон, затоа што не треба да се види мојот телефон за да не се види мојата комуникација со Сашо Мијалков.

Заев испратил порака до Боки13 за Рекет- Дојди да се видиме и ќе се соочиме со доказите!

Дојди да се видиме и ќе се соочиме со доказите“ – порака од Зоран Заев испратена до...

Индексот на индустриското производство во периодот јануари ‒ април 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ април 2019 година, изнесува 88.8.

СТАТИСТИКА: Во април забележан пад на индустријата!

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство...