
Македонија
Инциденти
ГОРАН БАЛЕСКИ, ДИРЕКТОРОТ НА ОПШТА БОЛНИЦА ОХРИД, УЧЕСТВУВАЛ ВО ТЕПАЧКА НА УЛИЦА „СИРМА ВОЈВОДА“, ПРЕНЕСЕ ОХРИД 24!
На 10.01.2021 година во 23.15 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид, нарушен е јавен ред и мир, со вербална расправија помеѓу М.А. и Д.А. од една и И.К.,Г.Б. со други две, засега непознати лица, од друга страна, сите од Охрид.
СВР Охрид презема мерки за расчистување на настанот, се вели во соопштението од СВР Охрид.
Познатиот охридски хирург и уролог, доктор Горан Балески минатата година беше назначен за новиот директор на ЈЗУ Општа болница Охрид, соопшти на прес-конференција министерот за здравство, д-р Венко Филипче.
Тој беше назначен на местото на директорка Славица Малеска Стојадиновиќ која беше разрешена по случајот до 66-годишната пациентка од Струга која почина од корона вирус, а не била примена на Инфективното одделение во болницата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.