Разрешувањето на Рашела Мизрахи е признавање на пораз

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 15 февруари, 2020 12:54

Горди сме на гордата Еврејка од Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин

Во јавноста одекна вест дека Собранието на Република Македонија ја разрешило од функција министрката по труд и социјална политика при техничката влада на Македонија – Рашела Мизрахи. Како причина за нејзиното разрешување беше наведено – непочитувањето на Уставот и законите на државата иако само неколку месеци претходно министерката дала свечена заклетва пред Собранието дека ќе ги почитува. Во суштина стои потегот на Рашела Мизрахи за преименување на таблата на која стои – Министерство за труд и социјална политика на Република Северна Македонија во – Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија. Рашела Мизрахи давајќи изјави за јавноста јасно и гласно кажа дека одбива да застане пред табла на која пишува Северна Македонија. Покрај притисоците што ги доживеа од техничкиот премиер и неговата партија Рашела Мизрахи не потклекна на притисокот. Одби да ја смени таблата, па дури и по цена да плати висока казна за кршење на Уставот и законите. Нејзиното однесување кулминираше во разрешување од функција. Но, тој чекор само ја покажа неподготвеноста на политичарите да се носат со едно од најгорливите прашања, а тоа е прашањето за името. Гестот на министерката што во суштина не е фатален, ниту опасен ги исплаши претставниците на СДСМ на чело со премиерот – Оливер Спасовски.

Тоа што ја разрешивте Рашела Мизрахи не значи дека ќе се заборави вашиот удел во кршење на Уставот и законите на Република Македонија и промена на името против волјата на граѓаните.

Добро е што Рашела Мизрахи беше разрешена, бидејќи нејзиното разрешување даде поента на сето она за кое таа се залагаше и ја откри лицемерноста на СДСМ да се справи со волјата на граѓаните што допрва ќе испливува на површина. Разрешувањето на министерката покажа дека политичарите се – слаби, исплашени, уценети, трговци со интереси, не ја претставуваат демократската волја туку волјата на некои други фактори и центри за моќ. Наспроти целата таа багра од политичари без храброст, истрајност, емпатија и харизма се појави една мала, срдечна, за јавноста непозната жена која во мал период од своето министерување им очита лекција на сите и ги освои симпатиите на народот. Појавувањето на Рашела Мизрахи на политичката сцена направи многу за враќање на етиката во политиката и надеж дека сепак постојат свесни и совесни луѓе во кои можеме да се огледаме и на кои можеме да се восхитуваме.

Еве неколку лекции што ни ги одржа Рашела Мизрахи:

  1. Благородно е владеењето на жените

Политиката би изгледала сосема поразлично доколку им се овозможи на жените да бидат лидери во поголем број. Историски не броиме многу примери за жени на лидерски позиции во светот, освен успешното владеење на германската канцеларка – Ангела Меркел и британската премиерка – Тереза Меј. Тие два примера покажуваат дека жената може да биде сериозен и добар владетел и лидер, но има и други димензии во женското владеење и женската етика кои би го смениле изгледот на политиката. Женската етика заснована на посебен вид на сензибилитет, емпатија, истрајност и трпение, може да даде поинаков пристап на решавање на проблемите.

Рашела Мизрахи покажа многу повеќе емпатија кон својот народ, истрајно, храбро и достоинствено се испречи пред големите батковци со долги политички кариери, но слаби и неодлучни карактери.

  1. Една еврејка од Македонија е поголем борец за македонската правдина отколку некои Македонци

Националната и етничка припадност нема никаква врска со борбата за правдина на еден народ. Рашела Мизрахи не научи дека секој народ има право и слобода да се самоопредели и дека борбата за обезбедување на тоа право и слобода не потекнува секогаш од внатрешноста на тој народ. Од една страна имате Македонци кои учествуваа во промена на националниот идентитет, а од друга имате една горда Еврејка од Македонија.

  1. Чесниот човек во политиката не опстојува, но значајно е да го имаме

Ако не се појави чесен човек во политиката тогаш нема кој да направи разлика помеѓу баграта и етичниот човек. Таа разлика е многу битно уште да ја гледаме и препознаваме, инаку би имале уште поискривен систем од вредности.

Рашела Мизрахи не е повеќе министерка за труд и социјала, но во очите на својот народ таа е вистински лидер. Техничкиот премиер и неговите партиски слуги кои се на местото на министри можеби ќе останат уште долго на своите функции и тронови, но тие никогаш нема да бидат ничии лидери, за жал тие не можат да нè научат на ништо, тешко и да имаат на што да ги научат своите деца.

Автор: Магдалена Стојмановиќ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна


Корона вирусот го смени светот. Ваков хаос не може да се создаде без план, ниту пак да помине без некој моќен да извлече ќар од оваа ситуација.

ЛАТАС: СЕВЕРНА е банкрот држава- СДСМ ќе си заминат богати, а ние ќе останеме со последици и долгови!

Епидемијата е во фокусот на внимание. Секаде. Работите околу вирусот, советите, теориите...

Владата мора да најде пари за плати на сите вработени од фирмите на кои им е наредено да престанат со работа: угостителство, туризам, транспорт, школи, факултети, трговски центри...

ЛАТАС: Филипче не е супермен- Никаков херој не е, туку збунет човек кој не ја контролира ситуацијата

Состојбата ни е вонредна. Сега и официјално. Вонредната состојба Пендаровски и Заев...

Ние немаме друг начин да го споделиме со вас она што допира со нас, освен да пишуваме на социјалните мрежи и еден помал дел од нас и во медиумите.

ВЕДНАШ ПРЕЗЕМЕТЕ МЕРКИ: Влегуваме во италијанско сценарио, време е за вонредни мерки!

Не сум сигурен, но мислам дека неколку наши државни раководители, коишто деновиве...