ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапуваат за еден денар по литар и ќе чинат 61,5 и 53,5 денари за литар.

Објавил: Владо Марин | 13 јули, 2020 22:47

Горивата повторно поскапуваат: Регулаторна ги соопшти новите цени

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Цените на горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53 отсто.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина деанар по литар и ќе изнесуваат 63,5, односно 53 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапуваат за еден денар по литар и ќе чинат 61,5 и 53,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,605 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 26,585 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените  референтни цени на светскиот пазар во последните седум дена кај бензинот во просек за околу 3,81 отсто и кај дизелот за околу 3,84 отсто, како и за 0,507 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести