Денес, само Русија, со арсеналот на нуклеарни проектили, може да изврши сериозен напад на Америка. Сепак, Москва нема никаква причина да го стори тоа, бидејќи резултатот ќе биде уништувачка одмазда.

Објавил: Македонка Димкин | 10 јануари, 2019 0:05

Готово е , Америка нема повеќе пари да биде светски полицаец?

Фото/Текст извор: ©Нејшнл интерес

Америка на прво место, како што најави претседателот Доналд Трамп, не треба да значи игнорирање на потребите и правата на другите. Но, би требало да признае дека најголемата должност на американската влада е кон нејзиниот народ. Америка на прво место исто така значи дека војната, ако се земат предвид нејзините уникатни трошоци (загубени животи, преземени ризици, потрошени пари), треба да биде последна опција и тоа само за најсериозните, па дури и витални цели, заклучува „Нејшнл интерест“.

Американската влада нема поважна обврска од одбраната на нацијата. Финансирањето на „заедничката одбрана“ е релативно лесно, бидејќи Америка на исток и на запад има големи океани, а на север и на југ мирољубиви соседи. Денес, само Русија, со арсеналот на нуклеарни проектили, може да изврши сериозен напад на Америка. Сепак, Москва нема никаква причина да го стори тоа, бидејќи резултатот ќе биде уништувачка одмазда. Кинеската армија ги зајакнува капацитетите, но тие се насочени кон спречување на Вашингтон на доминација на Кина дома, како и кај нејзините соседи. Ниту пак терористите претставуваат егзистенцијална закана за САД.

Годишната битка за буџетот е пред кулминација и Вашингтон продолжува да се расфрла со својата голема дисфункционалност. Но, фискалната неодговорност влијае на многу повеќе работи отколку само на домашните програми на американската влада. Во годините што доаѓаат, таа ќе влијае и на американската надворешна и воена политика. Па, така, т.н. одбранбен буџет е цената за агресивната надворешна политика на Вашингтон. Сѐ повеќе станува јасно дека улогата на светски полицаец воопшто не е евтина, оценува „Нејшнл интерест“.


Тогаш,  се поставува прашањето зошто Вашингтон троши 717 милијарди долари во фискалната 2019 година за да одржува големи армии, флоти и воздушни армади низ светот. Во секој случај не за одбрана на Америка. Овие милијарди се наменети за заштита на сојузниците, задржување на влијанието, обнова на пропаднатите општества, диктирање на однесувањето, како и за промовирање вредности. Сите овие работи можеби имаат некоја вредност, иако ретко толку многу како што се проценува. И, ниту една нема врска со заштитата на американската територија, народ, уставен систем и напредокот.

За жал, напаѓањето е многу поскапо од одвраќањето. Повеќето од трошоците на Пентагон се наменети за проекција на моќ, поради што САД имаат огромен воен буџет, кој е еднаков на комбинацијата на буџетите на наредните десет земји според воената моќ. Ниту една од нив или, пак, комбинација од нив, не може да ја порази Америка. Наместо тоа, Вашингтон сака да има капацитет да ги нападне нив.


Иако Американците би требало да бидат подготвени да ја платат секоја цена за нивната одбрана, тоа не важи за реобликувањето на светот. Според „Нејшнл интерест“, испраќањето Американци да се борат и да загинат за задачи од периферно значење отсекогаш беше глупаво. Америка некогаш се чувствуваше доволно богато за да ги насочи своите финансиски ресурси за таквите авантури, но тие денови се завршени. Вашингтон е де факто банкротиран, со огромен број нефинансирани обврски. Неговата фискална иднина само ќе се влошува, како што сѐ повеќе лица од беби-бум генерацијата ќе се пензионираат.

Епилогот од војните, многу жртви, истрауматизирани војници, и можеби неколку побогати милијардери. Доналд Трамп вети, Америка му е на прво место, дали ќе успее во намерата за конечен мир и просперитет во светот?

Минатата година, Републиканската партија, која порано важеше за самопрогласен чувар на буџетот, ја искористи контролата на Конгресот и Сенатот за симултано да го зголеми федералното трошење и да ги намали даноците. Резултат на тоа е дефицит што се приближува до 779 милијарди долари, што е за 114 милијарди повеќе од претходната година. Последен пат кога вујко Сем создаде толкав дефицит беше во 2012 година, кога закрепнуваше од финансиската криза. За жал, бројките само ќе се влошуваат. Конгресната буџетска канцеларија (КБК) оцени дека предлогот на претседателот за буџетот за 2019 година ќе го доведе дефицитот до речиси илјада милијарди долари, и тоа без уште една финансиска криза. Дефицитот ќе продолжи да се зголемува, а се очекува во 2028 година да достигне 1.527 милијарда долари, односно речиси двапати повеќе од ланското ниво.

Во вакво опкружување, се поставува прашањето што ќе се случи со Пентагон, кој троши многу пари, време и американски животи за заштита на други земји, од кои повеќето се многу населени и напредни? Кратењето на трошоците е неизбежно. Очигледно место за почеток се контингентот операции во странство. Трошоците за овие операции достигнаа кулминација во 2007 и 2008 година, кога изнесуваа дури 28 отсто од буџетот на Пентагон. Во периодот 2001-2018 година, нивниот просек изнесува 20 отсто од буџетот. Најголем дел од овие фондови се троши за војни по избор, социјален инженеринг и други сомнителни авантури, кои имаат малку врска со „заедничката одбрана“ на Америка.

Сепак, потребни се многу посериозни намалувања на трошоците. Почетна точка е промена на надворешната политика на Америка. Тоа значи дека намалувањето на трошоците без притоа да се изменат целите може да создаде опасно несовпаѓање, што ќе го принуди Вашингтон да ги напушти своите обврски или да ги почитува без потребната сила. Наместо тоа, администрацијата во Вашингтон би требало да ги напушти непотребните алијанси и сојузи, нагодувајќи ја соодветно својата структура на силата. За тоа е потребна сериозна дебата за американската улога во светот и неизбежна „размена“ помеѓу воениот авантуризам, домашните социјални програми и приватните приходи.

 

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Рускиот претседател, Владимир Путин исто така зборуваше за името, кој претходно изјави дека постои многу голем надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО.

ЛАВРОВ : “Ние не сме против новото име на Македонија”

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека Руската федерација...

Западните партнери на Грција ќе го дочекаат останувањето на грчката влада со олеснување, бидејќи и тие вложија значителни напори во усвојувањето на Преспанскиот договор.

Нема разлика помеѓу Soros-Macedonia и Soros-Grece. Преспанскиот ќе помине !

Во Грција политичките превирања нема да ја доведат во прашање ратификацијата на Преспанскиот...

САД ја гледаат одлуката како историска шанса за унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот.

Стејт департмент со честитка: “Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и во ЕУ”

Државниот секретар на САД Мајк Помпео изјави денеска дека САД ја поздравуваат одлуката...

. Упатуваме општа покана до сите Грци да дојдат на уште еден голем собир во последен момент да се спречи предавство на Македонија, во недела 20 јануари, во 14:00 часот.

На 20 -ти јануари големи протести во Атина, против Договорот од Преспа

Против Договорот од Преспа и „за да се спречи предавство на Македонија“ т.н. „Комитет...