За поранешната претседателка на Уставен се е јасно, прашањето е манипулативно и повеќезначно, видот на референдумот не е јасен, не е наведен целосниот назив на Договорот со Грција

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 септември, 2018 11:13

Гошева: На Одлуката и фалат 4 од вкупно 7 елементи!

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Уставната судијка, известител по преставките за оценка на уставноста на одлуката за распишување на референдумот со став дека таа е науставна.

Поранешната претседателка на Уставен суд и нејзин најстар член со јасен став на денешната седница.

Одлуката за распишување на референдумот од 7 не содржи дури 4 елементи, рече судијката известител Елена Гошева на денешната седница на Уставниот суд, каде се разгледува иницијатива за оспорување на уставноста.

Како што објасни Гошева, прашањето е манипулативно и повеќезначно, видот на референдумот не е јасен, не е наведен целосниот назив на Договорот со Грција.

Таа бара судот да поведе постапка за оценување на уставноста на одлуката и да се донесе временска мерка за стопирање на активностите поврзани со референдумот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести