Македонија
Вести
Зет со два куршума го застрелал таткото на сопругата пред неговиот дом во гостиварското село Долно Бањица и се дал во бегство. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, соопшти МВР.
Како што соопшти МВР, вчера околу 10.40 часот во село Долна Бањица, гостиварско, пред сопствениот дом, со два куршуми од пиштол во пределот на стомакот бил застрелан А.У. (54) од страна на зетот за ќерка, Б.С. (33) од село Горно Седларце, тетовско.
Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.