Дарувањето крвна плазма спасува човечки животи, напиша Георгиевски на својот официјален Фејсбук профил.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 август, 2020 18:07

Градоначалникот Георгиевски донираше крвна плазма

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска на Институтот за трансфузиона градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски донираше крвна плазма.

На средината на месец јуни, градоначалникот на Гази Баба ги доби резултатите од тестот за коронавирус, кои покажаа дека е заразен од Ковид-19. Тој на 26- ти јуни со два последователни негативни теста, ја напушти клиниката за инфективни болести и беше пуштен на домашно лекување.
 

Дарувањето крвна плазма спасува човечки животи, напиша Георгиевски на својот официјален Фејсбук профил.

Многу сум среќен што на Институтот за трансфузиона медицина го исполнувам ветувањето кое си го дадов уште додека се лекував, дека штом оздравам и ми дозволат лекарите, ќе дарувам крв за да дадам шанса, за успешно лекување на заболените од коронавирусот. Како што и јас ја добив таа можност, за што сум бескрајно благодарен!Од големо значење е сите кои сме се излекувале од оваа инфекција да даруваме крвна плазма. Дарувањето значи можност за многу наши сограѓани полесно да се изборат со Ковид-19. Крвната плазма на лицата кои се излекувани содржи антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста, а го намалува неговото дејство, односно ја намалува и прогресијата на коронавирусот, вели тој.

Георгиевски апелираше до оние кои успеале да го победат вирусот Ковид-19 да донираат крвна плазма и да спасат нечиј живот.

Ве охрабрувам сите кои што успеавте да се изборите со болеста, донирајте крвна плазма, затоа што нема поубаво чувство од тоа дека придонесуваме да се спаси човечки живот!

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За реализација на овој план, однонсно создавање нов град со околу 10.000 жители била задолжена Агенцијата за просторно планирање.

Никола Груевски имал план за создавање нов град: Еве каде требало тој да се наоѓа

По 10 години владеење, ВМРО-ДПМНЕ, веќе 4 години не е на власт. Во периодот на нивното...

Филипче за сите оние кои незнаат како оди тестирањето, објасни дека најпрво доколку се појават било акви симптоми треба да се консултира матичниот лекар.

Филипче најави набавка на брзи тестови кои за 15 минути детектираат ковид-19

Во вчерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ министерот за здравство доц. д-р Венко...

Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на лице место излезе и тим од воената полиција.

Позната здравствената состојба на војниците кои утринава беа повредени во сообраќајна незгода!

Во врска со сообраќајната незгода која се случи утринава во која странично се преврте...

Во гостувањето премиерот рече дека од големо значење е пријателскиот договор склучен со Бугарија и нагласи дека од неговиот бугарски колега, премиерот Бојко Борисов нема никаква закана ниту коментар кон Македонија.

Заев: Ако го присвојуваме Гоце Делчев, нема да го решиме проблемот со Бугарија!

Во вчерашното гостување во емисијата „Само интервју“, премиерот Зоран Заев рече дека...