Илко Стојанов коментира дека македонскиот клуб е нелегитимен бидејќи не е во согласност со Законот за организација на територијата на Бугарија и додаде дека тој повеќе е канцеларија во која се собираат луѓе на приватна основа. Според Стојанов, клубот не треба да го носи името на Никола Вапцаров.

Објавил: admin@magazin | 1 ноември, 2022 5:37

Градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов вели дека клубот е нелегитимен

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов во врска со вчерашните случувања околу отворањето на клубот „Никола Вапцаров”, за БНТ изјави дека е важно што се поминало мирно и без нарушување на јавниот ред во градот, јавува дописникот на МИА од Софија.

Илко Стојанов коментира дека македонскиот клуб е нелегитимен бидејќи не е во согласност со Законот за организација на територијата на Бугарија и додаде дека тој повеќе е канцеларија во која се собираат луѓе на приватна основа.

Според Стојанов, клубот не треба да го носи името на Никола Вапцаров.

Во Благоевград вчера имаше тензија откако беше отворен македонски културен клуб. Организацијата зад отворањето е регистрирана во Канада и нема никаква врска со владата на Република Македонија.

На отворањето присуствуваа лидерот на опозициската партија во Македонија, Христијан Мицкоски и главниот секретар на претседателот Пендаровски, Миле Бошњаковски.

Протест против отворањето организираше политичката бугарска партија ВМРО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.