
Македонија
Вести
Три платформи кои се поставени во заштитеното подрачје на Матка се дивоградби а градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, најавува дека ќе се обиде да најде правно решение за трите во пакет.
Иако прецизно не кажа, меѓу редови најави дека како последна ја остава можноста да се руши било која од поставените три платформи. Вели дека платформите се таму со години и дека станува збор за реновирање и реставрирање, а не изградба како што објавија медиумите.
На градоначалникот Шилегов му порача дека избрзал со изјавите и дека треба да се фокусира на проблемите за кои е надлежен а кои се на територијата на Општина Сарај.

Ова го изјави на прашање од новинарите во врска со дивопоставената метална платформа на Матка веќе е покриена со дрвени даски.
Шилегов изјави дека државниот инспекторат треба да излезе да лице место и апелираше до општината Сарај да почнат да работат и да не дозволуваат дивеење.
-Избрзана му е изјавата, не држи. Петре треба да ги види другите надлежности кои ги има, а не да се занимава со надлежностите на Општина Сарај, изјави Беџети.
Од министерството за транспорт и врски, каде веќе трет ден чекаат официјална информација од надлежна институција за поставената платформа, соопштија дека сеуште немаат одлука околу евентуалното одземање на ингеренциите на Општина Сарај.
Министерството за транспорт и врски во понеделникот испрати барање до државниот градежен инспекторат да изврши увид и да изготви извештај. Врз основа на извештајот ќе се одлучи како понатаму министерството ќе постапува, велат од таму.
И по повеќе од две недели надлежните институции се без информација кој и кога точно ги поставил платформите во заштитеното подрачје на Матка.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.