Манчевски најавува дека јавната администрација ќе работи во приватниот сектор, Шилегов ќе брка 1.200 административци, а скопски Ѓорче Петров со 20 нови партиски вработувања

Објавил: Мартин Попоски | 13 декември, 2018 14:39

Градоначалникот на Ѓорче Петров ќе плати 13 илјади евра за верски календари и роковници

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

За роковници со тврда корица, вештачка кожа и ластик, ѕидни календари со логото на општината, но и со верски обележја, општината Ѓорче Петров ќе потроши 800.000 денари.

Оваа набавка во евра изнесува околу 13 илјади.

Градоначалникот Александар Наумовски го распишал овој тендер, евидентиран како стоки за новогодишна репрезентација.

Освен овие продукти, фирмата која ќе го добие овој тендер ќе треба да изработи и печатење на папки и пенкала.

Критериумот за избирање на фирма која ќе ги изработи овие „неопходни“ материјали ќе биде по принципот најниска цена.

Времето за изработка е два месеци, а пак аукцијата е два месеци.

Пред една недела, советник од ВМРО – ДПМНЕ во Општина Ѓорче Петров обвини дека градоначалникот Наумовски ќе потроши над 2 милиони денари за 20 нови партиски вработувања при што посочи дека со оваа анти-реформската администрацијата во општина Ѓорче Петров ќе се искачи до 84 вработени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.