Минималната бројка на ученици во една паралелка во основното образование утврдена со закон е од 20 до 34, а во средните училишта од 25 до 34 ученици.

Објавил: Перо Милчин | 7 септември, 2019 21:07

Градоначалникот Николчо Илијев од Кочани формира паралелки со само 1 (еден) ученик!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На неодамнешната седница на советот на Општина Кочани, советниците на СДСМ предводени од Градоначалникот Николчо Илијев ги изгласаа предлог – одлуката за давање согласност за формирање на паралелки со помалку од 24 ученици и комбинирани паралелки во општинските основни училишта и предлог – одлуката за согласност за формирање на паралелки во прва година со помалку oд 25 ученици во средните училишта во општина Кочани во учебната 2019/2020 година.

Бидејќи последниве години постојано се намалува бројот на учениците во основните и средните училишта, константно се намалува и бројот на учениците во паралелките, а за да може паралелките да функционираат училиштата треба да добијат согласност, според Законот за средно образование и Законот за основното образование.

Минималната бројка на ученици во една паралелка во основното образование утврдена со закон е од 20 до 34, а во средните училишта од 25 до 34 ученици.

Рак рана во Кочани преставува се помалиот број првачиња, но и намалениот број на ученици кои се запишуваат во средните училишта во градов, кој проблем оваа година е најмногу изразен пред се поради рапидното иселување на младите од овој град.

За да биде скандалот поголем Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев заедно со советниците од СДСМ ги изгласаа одлуките за давање согласност за формирање на паралелки со помалку ученици од законски предвидениот минимум, само за да можат да реазлизираат партиски вработувања на заслужни партиски кадри.

Иако имаше укажувања од страна на советниците од опозицијата, Градоначалникот Николчо Илијев замижа пред фактот дека дава согласност да бидат формирани паралелки со 2 или 3 ученика, а што е најстрашно истата согласност важи и за подрачните училишта во руралните средини каде што има паралелки со само 1 ученик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

Ова е проблем и за образовните работници. Наставникот од училиштето „Петар Здравковски Пенко“ Фадиљ Сулејмани вели голем број на учебниците се стари, искинати и уништени.

НЕМА НОВИ УЧЕБНИЦИ и по два месеци од учебната година, а тие што ги има се ИСКИНАТИ

Снимките во продолжение пристигнаа до ТВ21, од страна на револтирани родители кои сакаат...

Истакна дека имал неколку средби со родители на невакцинирани деца, во присуство и на други надлежни министри и на премиерот, и на тие средби ги разгледувале сите законски аспекти.

Околу 200 првачиња не се запишани на училиште затоа што не се вакцинирани

Според податоците што Министерството за образование и наука до петокот ги добило од...

Денеска на најстариот државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во академската 2019/20 година првпат започнуваат со студии околу 7.000 студенти запишани во сите три циклуси.

СРЕЌНО СТУДЕНТИ: Почнува новата академска 2019/20 година!

Иако Законот за високо образование важи од мај 2018 година, речиси ниту една одредба...

Од земјите што не се во Европска Унија најдобро платени (од годинава) се просветните работници од Косово, кои откако штрајкуваа се изборија за плати до 600 евра.

ЕВЕ КОЛКУ ИЗНЕСУВААТ ПЛАТИТЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ ВО РЕГИОНОВ!

Платите на наставниците се потпросечни во земјава. Факултети.мк направи споредба помеѓу...