Градоначалникот на Пласница, Исмаил Јахоски, во својот петти мандат, вети поддрша за Ахмети за референдумот, откако на државни тендери доби 16.5 милиони евра за 9 месеци

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 септември, 2018 9:13

Градоначалникот што доби 100 тендери за 3 месеци на Ахмети му вети 100% излезеност

Фото/Текст извор: ©алсат-м.тв

На вчерашниот митинг како дел од кампањата за успешен референдум кој ДУИ го одржа во Општина Пласница, се обрати и градоначалникот Исмаил Јахоски, познат како г-дин тендер.

Јахоски од говорницата по обраќањето на претседателот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека Општина Пласница за претстојниот референдум ќе е единственат општина во Македонија во која ќе има 100 отсто излезеност.

Но кој е Јахоски, во чија општина за последните локални избори во 2017 година имаше “скромна” излезеснот на населението од само 45%?

Фирмата “Пуцко Петрол” e една од низата во сопственост на градоначалникот на ДУИ во Пласница, Исмаил Јахоски со неа влезе во нов бизнис со државата.

Фамозната компанија “Пуцко Петрол” на градоначалникот на општина Пласница, Исмаил Јахоски, која за 9 месеци доби тендери од владата во висина од 16.5 милиони евра.

По тендерот од 15 милиони евра за набавка на гориво за автобусите на ЈСП Скопје, “Пуцко Петрол” склучи нов договор со Службата за општи и заеднички работи при владата со што семејната фирма на Јахоски потпиша договор од 3 милиони денари или 50 илјади евра за набавка на екстра лесно масло за греење за претстојната и идната грејна сезона.

Договор помеѓу “Пуцко – Петрол” и Влада опфаќа низа објекти за кои Јахоски ќе се грижи во иднина, а гласи дека:

“Продавачот е должен да го испорачува предметот на договорот до резервоарите на чување не екстра лесно масло за домаќинства во објектите на Вила Дојран, Комплекс Вили Охрид, Вила Попова Шапка, Вила 2 Скопје, Вила 3 Скопје и Клубот на Републички органи – Скопје.”

Оссвен овие два тендери, “Пуцко – Петрол” претходно го доби и тендерот за набавка на гориво за службените возила во Министерството за правда вреден 34 илјади евра.

Преку архивата на Бирото за јавни набавки може да се увиди дека во првите шест месеци од годинава, фирмата “Пуцко – Петрол” активно учествува и победува на тендерите за набавка на институции со горива и масло за греење на домаќинства.

Али Ахмети доби ветување од Исмаил Јахоски дека на 30 септември општина Пласница ќе е единствена во Македонија каде излезеноста и гласањето ЗА референдумот ќе е 100 отсто.

Меѓу поголемите јавни набавки во “партиската биогaрфија” на фирмата на градоначалникот на Пласница е набавката на горива и масло за греење од 150 илјади евра за Охридската болница и масло за греење за болницата во Струга во вредност од 100 илјади евра.

На листата на институции на кои “Пуцко  – Петрол” годинава им продал услуги се и општина Студеничани, Агенцијата за храна и ветеринарство, општина Сарај, како и за Управата за јавни приходи.

Едноставниот збир на јавно достапните информации на Бирото за јавни набваки покажува дека “Пуцко – Петрол” за зделки од првата половина од годинава, од државата ќе инкасира фантастични 16 и пол милиони евра се вели во анализата на Алсат-М.тв

*Исмаил Јахоски е актуелен градоначалник на општина Пласница, и тоа во петти (5) мандати.

Јахоски има завршено средно економско училиште. Работел во земјоделска задруга, а од 1988 година во приватна фирма.

Јахоски е градоначалникот рекордер со вкупно пет (5) мандати, при што зависно од потребите на политичките партии е кандидат на СДСМ или ДУИ.

Од 1993 година основал сопствена претпријатие “Пуцко – Петрол” кое располага со повеќе бензински пумпи и се занимава со промет на нафтени деривати, градежни материјали и други дејности. Во него има повеќе од 100 вработени.

На локалните избори во 1996 година првпат бил избран за градоначалник на Општина Пласница, повторно го добил градоначалничкиот мандат во 2000 година, по третпат станал градоначалник во 2009 година, а по четврипат во 2013 година. 

Зависно од изборната година Јахоски бил кандидат од СДСМ или ДУИ.

На локалните избори кои се одржаа на 15 октомври 2017 година петтипат бил избран за градоначалник на Општина Пласница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ова се однесува за 58 илјади домаќинства, кои се приклучени на најголемиот систем во Град Скопје. За оние кои топлинска енергија добиваат од Скопје-Север или го користат „железарското греење“, сметките минимално ќе се намалат.

СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ПОВИСОКИ ЗА 4,5 НАСТО

Со првиот ден на ноември цената на парното греење се зголемува за 4,51 насто. Ова се однесува...

Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра, вели директорот на Агенција за конфискуван имот Дритон Небиу во интервју за Радио слободна Европа.

Петте станови на Груевски проценети на 1,9 милиони евра

Откако Владата ќе одобри, конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски...

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски нема конфликт на интереси, велат од СДСМ.

СДСМ: Антикорупциска потврди дека нема конфликт на интерес кај Ковачевски

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски...

На иницијатива на претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, и во директен контакт со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се изнајде решение на предизвикот за обезбедување чартер лет за граѓаните од регионот. Со вчерашниот лет, кој беше организиран и платен од Владата на Република Македонија, покрај тоа што во Скопје долетаа преостанатите 67 наши државјани кои побараа помош, со истиот лет, Владата на Република Македонија излезе во пресрет и обезбеди трансфер на седум албански, седум црногорски и тројца бугарски државјани.

Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република ж Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата на повеќе начини, меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија.

Владата на Република Македонија внимателно ги следи случувањата во Израел преку Министерството за надворешни работи, кое што е во редовен контакт со македонската Амбасада во Тел Авив.

Владата тврди дека ги евакуирала сите патници со „Аир Србија”

Со чартер летот организиран и платен од страна на Владата на Република Македонија,...