Новоизбраниот градоначалник убиен во Мексико: „Беше изваден од автобусот и застрелан“

Објавил: Калина Мартинска | 18 јуни, 2024 11:28

Градоначалник во Мексико убиен 15 дена откако беше избран

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Неодамна избраниот градоначалник беше застрелан и убиен вчера во јужниот дел на Мексико, во државата Гереро, соопштија локалните власти.

Салвадор Вилалва Флорес победи на локалните избори на 2 јуни и во октомври требаше да ја преземе функцијата градоначалник на Копала, град со околу 4.000 жители, пренесува Индекс. Гереро е една од сојузните држави најмногу погодени од насилството на наркокартелите, со оглед на нејзината локација долж брегот на Мексико во Пацификот. Минатата година во таа сојузна држава се регистрирани 1.890 убиства.

Локалниот весник „Ел Сур де Гереро“ објави дека Вилалва бил пензиониран капетан на морнарицата кој обично бил заштитен од Националната гарда, но сега патувал сам во Мексико Сити.

„Новоизбраниот градоначалник беше изваден од автобусот со кој се движеше и беше застрелан“, пишува весникот.

Обвинителите потврдија дека е покрената истрага за убиство, но одбија да дадат дополнителни детали. Локалните медиуми објавија и дека Вилалва одлучил да се кандидира за градоначалник откако неговиот пријател кој решил да се кандидира на изборите бил убиен во јуни минатата година.

На општите избори во Мексико на 2 јуни, левичарката Клаудија Шејнбаум беше избрана со големо мнозинство за прва жена во земјата. Покрај изборот на нов претседател, Мексиканците гласаа за членови на Конгресот, неколку државни гувернери и безброј локални функционери. Кандидатите се натпреваруваа за повеќе од 20.000 позиции.

Најмалку 34 политички кандидати биле убиени низ Мексико пред и по изборите, според групата за човекови права Data Civica.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...