Наташа Петровска според поднесителот ќе се терети за незаконско работење

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 јули, 2018 15:02

Градоначалничката на Битола доби кривична пријава

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денешната седница на Советот на Општина Битола започна со барање за дополнување на дневниот ред со точка “Информација за организација на превозот за учебната година септември 2018 – јуни 2019 година”.

Барањето од говорницата го упати советничката од ВМРО – ДПМНЕ Елена Трајчевска која истакна:

“Би сакала да го образложам ваквото барање. До нас како советници стигнуваат реакции од наши сограѓани – родители кои и покрај тоа што согласно законот треба да бидат ослободени од товарот на своите деца да им плаќаат превоз до училиште и назад – тие сепак беа приморани последните месеци од учебната година што измина тоа да го финансираат од сопствен џеб.”

Според Трајчевска – градоначалничката Петровска во недостаток да го организира овој процес директно направила и прави штета врз децата и родителите со што им ги одзема картичките за бесплатен автобуски превоз. Воедно побара и Информација дали и како ќе биде организиран овој законски процес почнувајќи од септември 2018 година потенцирајќи дека се наоѓаме на 40 дена од почетокот на учебната година и дека според информациите од терен дел од училиштата не потпишале договори со превозниците а воедно и нема постапка во тек по што е поднесена кривична пријава против Петровска за незаконско работење.

Трајчевска појасни и дека и денес – што правно не е можно да се потпише и започне постапката за ваква јавна набавка таа нема да биде завршена до 1-ви септември 2018 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Како што дополни, јасно се гледа контурата на главата на октоподот за што тој нема дилема кој. Видовме, рече Мицкоски, дека дури и оние лица кои располагале со ПИ мерките кога виделе каде се упатува Јанева престанале да снимаат.

Мицкоски: Заев и Јанева другарувале во минатото, ситуацијава со “Рекет” е резултат на нивното другарство

Христијан Мицкоски, лидерот на најголемата македонска партија ВМРО-ДПМНЕ, денеска...

Да стоиме заедно со нашиот Претседател Христијан Мицкоски, заеднички да го трасираме патот за Обнова, а бидете сигурни во силата, затоа што Македонија ни го чува грбот, вели Мизрахи.

РАШЕЛА: Да го поддржиме Мицкоски, бидете сигурни во силата, Македонија ни го чува грбот

Ако се потсетиме само две поколенија наназад ќе се увериме дека сите сме или роднини...

Не само ние како СДСМ, туку и граѓаните сакаат правда. Но, тоа што немаме правда не е по наша вина. Интегритетот на судиите е во прашање и затоа постои големо незадоволство.

ЗЕКИРИ: Телевизијата на Бојан Јовановски имаше симпатии кон политиките на СДСМ

Ние оставаме простор за сите партии, но две имаат пројавено интерес, не е тајна дека...