Градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на промоцијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и УСАИД, каде беше промовирано „Упатството за огранизирање заеднички наставни часови

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 декември, 2021 19:28

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес!

Фото/Текст извор: ©магазин

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес!

Градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, присуствуваше на промоцијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и УСАИД, каде беше промовирано „Упатството за огранизирање заеднички наставни часови“.

Оваа публикација е заеднички труд и заложба на Градот Скопје, претставници од Комисијата за унапредување на меѓуетничката интеграција во образованието при Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука. На промоцијата, градоначалничката Арсовска порача дека со реализација на овие активности, Градот Скопје се етаблираше како лидер во унапредувањето на меѓуетничката интеграција меѓу учениците.

Градот Скопје ја усвои „Стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието и граѓанска вклученост на Град Скопје“. Една од најзначајните активности која Градот Скопје ја презеде во рамки на имплементирање на Стратегијата е организација и реализација на заеднички часови по одредени наставни предмети, во рамки на редовната настава, на ученици кои наставата ја следат на различни јазици. Започнавме со неколку училишта, за сега бројот на училишта кои ги спроведуваат овие заеднички часови да стигне до осум и верувам дека оваа пракса ќе продолжи бидејќи резултатите се позитивни. Со реализација на овие активности Градот Скопје се етаблираше како лидер во унапредувањето на меѓуетничката интеграција меѓу учениците во рамките на нивниот реален, секојдневен престој во училницата, додека тече редовната настава и се изучуваат задолжителните предмети – кажа градоначалничката Арсовска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Најчитани вести

[jetpack_top_posts_widget title="" count="5" types="post" display="list"]

Останати вести од Култура

На 23 септември во Кинотеката ќе биде прикажан воениот филм „Црвениот призрак” на рускиот режисер Андреј Богатирјов , а на 25 септември во кафе-книжарницата „Буква“ Рускиот центар ќе организира квиз „Колку добро ја познаваш Русија?“, на кој победниците ќе добијат награди со руска симболика.

Денови на руски јазик и култура од 22 септември до 30 октомври

Од 22 септември до 30 октомври 2021 година ќе се одржуваат Денови на руски јазик и култура, наиницијатива...

Поради состојбата со пандемијата од Ковид-19, а имајќи ја предвид неговата возраст, орденот на Стојан Андов му беше врачен од страна на претседателот Пендаровски во неговиот дом, а на денешната церемонија беше прикажан видео материјал од овој чин.

Пендаровски ги одликува Андов и пратениците од првото собрание со Орден „8 Септември“

Пендаровски ги одликува Стојан Андов и пратениците од првото повеќепартиско собрание...

Од таму велат дека Претседателот Пендаровски е крајно непријатно изненаден од квалификацијата на Мицкоски, според која, утрешното чествување на најголемиот македонски празник – Илинден, во Крушево ќе биде „циркуски церемонијал“.

Мицкоски – „Не се памети, години наназад дека некој наш политичар искажал толку длабоко непочитување“

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски пристигна реакција по повод изјавата...