Божинов за Сител изјави дека правдата ќе ја бара во Стразбург бидејќи не му верува на македонскиот судски систем. Тврди дека за да му го срушат објектот Градот понудил сума која е многу пониска од вредноста на објектот и земјиштето.

Објавил: Валерија Петрова | 15 октомври, 2019 21:11

Град Скопје му го сруши домот на Љупчо Божинов – багерите рушеа на „Трета македонска бригада“

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Град Скопје го сруши домот на Љупчо Божинов, објави Сител. Сопственикот веќе четири години поминува голгота низ административните лавиринти со Градот. Куќата на „Трета Македонска Бригада“ беше пречка за проширување на булеварот, но на крајот надлежните се одлучија да ја заобиколат.

Божинов тврди дека иако се уште траат судските процедури за докажување на сопственоста надлежните се одлучиле да го срушат објектот.

Божинов за Сител изјави дека правдата ќе ја бара во Стразбург бидејќи не му верува на македонскиот судски систем. Тврди дека за да му го срушат објектот Градот понудил сума која е многу пониска од вредноста на објектот и земјиштето.

Од Град Скопје велат дека со постапката ќе се зголеми безбедноста на булеварот.

– Самиот објект, по имотниот лист е во сопственост на Град Скопје, а до сега се водеше правна постапка за преeземање на владение на објектот. Градот Скопје, преку овластен извршител, достави решение до лицето кое живее таму за празнање на објектот и преземање на владение врз истиот. По поминување на сите рокови и исцрпување на сте правни лекови за извршување на налогот. Градот закажа присилно исселување за 16.10.2019 година, до што сопственикот денеска (15.10.2019 година) доброволно го предаде објектот, а Градот Скопје го превзеде владението на објектот и доби решение од овластениот извршител.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, Заев најави повлекување, по што беше договорена техничка влада од јануари и вонредни избори во април идната година.

ЕМОТИВНО ИНТЕРВЈУ НА ЗАЕВ ЗА ЊУЈОРК ТАЈМС: Се кршам одвнатре, тешко ми е!

Премиерот Зоран Заев во интервју за весникот „Њујорк тајмс“ иазјави дека светлината...

Јанева вчера попладне ја напушти „Шутка“ и со качулка на главата во полициска придружба беше пренесена во станот на нејзиниот син во близина на Клубот на пратеници во Скопје. Од таму, Јанева ќе го чека судењето закажано за 3 декември.

РУСКОСКА ЗГРМЕ ВО СУДОТ: По овој потег со Јанева ќе покренам финансиска истрага за судиите од Апелација!

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева обвинета во случајот „Рекет“ е...

Прво, за најкрупните криминални случаи во кои се вмешани и функционери, како што е “Рекет”, одлуките за притвор, ослободување од притвор, преформатирање на телефони, прикривање на докази, влијание врз сведоци и одлуките кој се треба или не треба да биде опфатен со истрагата, обвинителството и судот ги носат во тесна координација со премиерот во заминување Заев, што е деградирање на поделбата на власта и владеењето на правото.

Милошоски: Подобро Катица дома, отколку Заев во Аргентина

Пратеникот Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил напиша дека вчерашната одлука...