Само во текот на оваа година на телефонскиот број 193 досега се пријавени 49 огнови на отворено. Минатата 2019 година биле пријавени 162 огнови на отворено, во 2018 година - 251, а во 2017 година кога почна оваа кампања, за неполн месец биле пријавени 54 огнови на отворено.

Објавил: Стојче Бушин | 24 септември, 2020 20:03

ГРАД СКОПЈЕ: НА 193 ПРИЈАВЕТЕ ОГАН НА ОТВОРЕНО, ПРОДОЛЖУВА БОРБАТА ПРОТИВ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На почетокот на есента и речиси еден месец пред почетокот на грејната сезона Градот Скопје ја продолжува кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Оваа кампања која игра сериозна улога во намалувањето на аерозагадувањето во Скопје се спроведува четврта година по ред и дава одлични резултати.

– Знаеме дека палењето огнови на отворено најчесто е последица на несовесноста на одредени граѓани, но тоа често е и единствен начин за затоплување во студените зимски денови на нашите сограѓани кои немаат соодветно сместување. Она што претставува дополнителен проблем е што во ваквите случаи овие луѓе најчесто горат пластика, гуми, неквалитетни дрва и друго кои многу придонесуваат за загадување на воздухот. Четврта година по ред одговорно му пристапуваме на овој проблем. Подаваме рака на сите сограѓани.

Сите заедно можеме да го спречиме палењето огнови на отворено, а со тоа да го намалиме загадувањето на воздухот. Но, истовремено водиме грижа и да им помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна. Град Скопје преку сопствениот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, во борбата против огновите на отворено – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

Оваа кампања, заедно со кампањата за сспречување на палењето стрништа, односно остатоците од берба и субвенциите за чистење на оџаците во домаќинствата се едни од најважните кампањи на Градот Скопје за подигање на свеста во борбата против аерозагадувањето.

Само во текот на оваа година на телефонскиот број 193 досега се пријавени 49 огнови на отворено. Минатата 2019 година биле пријавени 162 огнови на отворено, во 2018 година – 251, а во 2017 година кога почна оваа кампања, за неполн месец биле пријавени 54 огнови на отворено.

 Од тие причини уште еднаш ги повикуваме граѓаните активно да се вклучат во борбата против загадувањето на воздухот и сите случаи на палење огнови на отворено да ги пријават во кол-центарот, на телефонскиот број 193. Тука сакам да нагласам дека телефонското пријавување преку 193 е најбрзиот и најефикасниот начин на пријавување. Тоа е бројот на противпожарната единица која е единствената служба која има брз и проверен систем за реакција и ги покренува сите потребни служби со цел мешаните тимови навреме да излезат на терен. Дежурните екипи ќе ги процесираат сите пријави, односно огновите ќе бидат изгаснати, а нашите сограѓани кои ги палат огновите заради затоплување ќе бидат упатени во еден од згрижувачките центри. Затоа, наместо објавување на Фејсбук или на другите социјални мрежи ги повикувам граѓаните да пријавуваат исклучиво на 193. Природата на оваа работа е таква што тимовите можат да работат ефикасно само доколку се реагира брзо на единствениот проверен начин, а тоа е телефонскиот повик на 193. Се друго е непотребно губење време – нагласи Шилегов!

На денешната прес-конференција присуствуваше и командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Мамографскиот кабинет е опремен со GE Sennographe Pristina, најнова генерација на дигитален мамограф со специјален додаток за дојки со вградени импланти, достапен и за лица со инвалидитет.

НАЈСОВРЕМЕНА МЕДИЦИНСКА ТЕХНОЛОГИЈА НА ЕДНО МЕСТО, „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СОЗДАДЕ ДИЈАГНОСТИЧКИ ИМИЏИНГ-ЦЕНТАР КАДЕ ШТО СЕ ОТКРИВААТ СИТЕ БОЛЕСТИ ВО РАНА ФАЗА

Брза и прецизна дијагноза на сите болести, снимки со висок квалитет и резолуција, минимална...

„Изминатите неколку недели, за жал, сведоци сме дека епидемијата на коронавирусот не само што не стивнува, туку уште повеќе го зголемува својот интензитет, што се рефлектира преку голем број на новоинфицирани лица.

За една недела извршени 2.183 контроли, инспекциите продолжуваат со интензивни контроли и за новите мерки

Во периодот од 12 до 18 октомври, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, Државниот...