Град Скопје известува до сите сопственици на јавни објекти да го исчистат снегот сами, инаку во спротивност ќе следуваат казни.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 јануари, 2019 10:41

ГРАД СКОПЈЕ : “Снегот да го чистите сами”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Град Скопје апелира сите правни лица (сопственици) на јавни објекти да го исчистат снегот сами пред своите објекти.

Комуналните редари и инспектори на Град Скопје вчера беа излезени на терен, каде доставуваа известувања до сите сопственици и корисници на деловни простори и индивидуални станбени објекти, дека согласно Законот за јавна чистота се задолжени да го исчистат снегот сами, пред нивните објекти.

Ако не ги почитуваат правилата мора да се постапи по Законот за јавна чистота член 37 кој гласи “Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правното лице сопственик, односно корисник на јавен објект ако не го исчисти снегот од отворениот простор пред јавниот објект”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во Кавадарци од контролираните 16 возачи полицијата со алхо тест констатирала пет прекршоци и во Неготино од контролираните 40 возачи санкционирани биле 12 пијани возачи.

Полицијата казни 25 пијани возачи во Кавадарци, Велес и Неготино!

Во неделата на вечер полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес, од...

,,Горд сум на сите наши војници, заради тоа што имаат и желба да се усовршуваат и унапредуваат

ЗАЕВ: „Ние испраќаме порака дека сме спремни не само политички, туку и воено да влеземе во НАТО„

Денеска премиерот Зоран Заев заедно со останатите министри од Владата и претседателот...