Изминатите години субвенцијата беше во износ најмногу до 1.000 денари.

Објавил: Перо Милчин | 2 февруари, 2020 12:11

Град Скопје со зголемени субвенции за чистењето на оџаци во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градот Скопје наскоро ќе објави Јавен повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2020 година.

Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.

Изминатите години субвенцијата беше во износ најмногу до 1.000 денари, стои во објавата на Град Скопје.

Субвенциите ќе важат и за исчистени оџаци од 01.01.2020 година, а јавниот повик кој ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“ ќе биде отворен до 30.11.2020 година или до реализирање на средствата во износ од 2 милиони денари предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2020 година.

На јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните и други субјекти за чистење на оџаците може да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.

Чистењето на оџаците придонесува за намалување на аерозагадувањето во текот на грејната сезона.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ќе ја штитите, пак ќе ја ставате по тепих. Била од вашата партија, Не. не.. Нема тука ВМРО, СДСМ, има да ги санкционирате, како попчиња.

ЕФТОВ: Овие што се шетаа на скијање, низ Македонија ко црн петко ни го ширеа вирусот- Тоа е тероризам

Новинарот Васко Ефтов во својата нова емисија „Во Центар“ емитувана преку неговиот...

Екипите на Градот Скопје и јавните претпријатија веднаш излегоа на терен и ги расчистуваат паднатите гранки и дрвја.

Зимските служби на терен: Снегот собори 22 дрвја во Скопје, се санираат скршените гранки!

Поради обилните врнежи од снег во текот на изминатото деноноќие на територијата на...

Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска соопшти дека насилниците се веќе идентификувани и најави најстроги санкции.

ЗАТВОР ЗА НАСИЛНИЦИТЕ: Момчиња брутално претепуваат девојка во Штип и се снимаат (видео)

На социјалните мрежи денеска се појави вознемирувачко видео на кое две момчиња брутално...

Инфекцијата со КОВИД 19, како и секоја вирусна инфекција не се лечи со антибиотици. Обично вирусните инфекции се лечат симптоматски т.е. се дават лекови според клиничката слика и симптоматологија.

Доктор Чибишев: Не земајте лекови на своја рака- антибиотици не го лечат Коронавирусот!

Професорот  по интерна и ургентна медицина на Факултетот за медицински науки при...