Ќе се модернизираат и 5 те постоечки наплатни рампи – во Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар, но од Државни патишта велат дека за сега, не се предвидени повисоки цени за овие патарини.

Објавил: Перо Милчин | 11 јануари, 2021 5:38

ГРАЃАНИТЕ УШТЕ ПОСИРОМАШНИ: Во еден правец 160 денари за патарини- Ќе се градат две нови од Скопје до Штип

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Следниот месец почнува изградбата на двете нови патарини на автопатот Скопје Штип! Едната, во Преод, ќе чини 50, во Кадрифаково 70 денари. Ова значи неместо сегашните 40, патувањето од главниот град до Штип, во должина од  47 километри граѓаните ќе ги чини 160 денари во еден правец, објавува Сител.

Ќе се модернизираат и 5 те постоечки наплатни рампи – во Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар, но од Државни патишта велат дека за сега, не се предвидени повисоки цени за овие патарини.

Со повеќе од половина година задоцнување, избран е конзорциумот Асeлсан Жикол, кој за 12,5 милиони евра ќе ги реконструира  патарините.

Инаку, ковид пандемијата негативно се одрази и врз приходите на Јавното претпријатие. Според финансиските извештаи, во вториот квартал тие биле за 60% пониски отколку во 2019 та, а во месеците јули, август и септември, поради промашената туристичка сезона и затворените рампи во Грција, падот е скоро 70 отсто.

Патишта за цела година очекувале да соберат скоро 49 милиони евра, само од користење на автопатите, но за трите квартали наплатата достигнала едвај 27,8 милиони евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Истиот опфаќа реконструкција и изградба на шест 110 киловолтни далеководи. Со овој инвестициски циклус се заменуваат сите армирано бетонски столбови стари и до 66 години.

Заев и Бочварски на изградбата на далекуводот Штип-Овче Поле: За просперитетна економија инвестираме во енергетската инфраструктура дома и се поврзуваме со регионот

Изградбата на далекуводот Штип – Овче Поле, е само дел од инвестицискиот циклус...

Протестот е планиран на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“.

Посебен режим на сообраќај поради протест во Скопје!

Посебен режим на сообраќај поради протест во Скопје! На 19.02.(петок), 22.02.(понеделник)...