За еден денар се зголемува цената на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 53,50 денари за литар.

Објавил: Перо Милчин | 23 септември, 2019 12:45

ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ОДВОЈАТ ПОВЕЌЕ ПАРИ ОД НОВЧАНИКОТ: Од полноќ ќе возиме со поскапи горива!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува од два до 2,5 денари, додека на дизелот за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 69,50 денари за литар, на Еуросупер БС 98 ќе биде 72 денари, а Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар. За еден денар се зголемува цената на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 53,50 денари за литар.

Зголемување има и кај малопродажната цена на мазутот кој ќе се продава по 34,034 денари за килограм.

Минатата недела малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесуваше 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесуваше 69,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 10.09.2019 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесуваше 67,50 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесуваше 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесуваше 52,50 ден/лит.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Предупредувањето за намалување на јавната потрошувачка до 2% се претвори во пораст од 1,4% (53,7 милиони евра).

Алијанса за Албанците: Со овој ребаланс, Владата се демантира себеси во сите досегашни презентирани сценарија!

Дури и со овој ребаланс на буџетот, истата логика продолжува, иако во време на криза...

Со кој образ после ова ќе искочите и ќе зборите за работниците и сиромашните?

Јовановиќ: Ангеловска на работниците гледа како потрошна роба- со кој образ ќе излезeте и ќе се борите за сиромашните?

Советникот Бранимир Јовановиќ кој беше дел од тимот на министерот за Финансии Драган...