Овој пијалок е корисен посебно и при висока температура.

Објавил: Сара Фемина | 16 февруари, 2020 22:28

ГРЕАНО ВИНО: Традиција, лек и задоволство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Греаното вино уште нашите баби го користеле како лек против настинка, посебно вино греано со неколку зрна бибер. Овој пијалак е корисен посебно и при висока температура.

Црвеното вино е еден вид на вино направено од темните (црни) сорти грозје. Вистинската боја на вино може да биде од интензивна виолетова, типична за млади вина, преку црвена за младите вина и кафеава за постарите црвени вина.

Сокот од повеќето пурпурно грозје е зеленикаво-бела. Бојата доаѓа од пигмент наречен антоцијан, кој се наоѓа во лушпата на грозјето. Голем дел од продукцијата на црвено вино вклучува екстракција на боја и вкус од грозјето.

Првиот чекор во производство на црвено вино, по собирањето, вклучува физичка обработка на грозјето. Виното содржи голем процент на антиоксиданси, кои го неутрализираат штетното дејствување на слободните радикали кои предизвикуваат многу болести. Освен витаминот Ц и танинот, одличен антиоксиданс во виното е кверцетинот, кој покажал широка антиканцерогена активност. Затоа лекарите препорачуваат дека за јакнење на имунитетот е идеално да се испие една чаша вино дневно.

Грозјето се бере рачно или со машина.

При пристигнувањето во винарската визба грозјето обично содржи гранчиња и листови. Доколку се остават гранчињата, може да предизвикаат вкусот да биде горчлив, затоа гранчињата и листовите се отстрануваат рачно или механички.

По процесот на чистење, грозјето најчесто е смачкано. Мешавината на грозје, лушпа, сок и семки се нарекува шира. Ширата се става во садови направени од челик што не ‘рѓосува или од бетон, или од даб, за да ферментира.

Греаното вино уште нашите баби го користеле како лек против настинка, посебно вино греано со неколку зрна бибер. Овој пијалок е корисен посебно и при висока температура.

Рецепт за греано вино

Состојки кои ви се потребни:

1 литар црвено вино
2 dl вода
Еден портокал и еден лимон
3 лажици шеќер
2 стапчиња цимет
2 ѕвездички анасон
Пола лажичка ванила
10-тина стапчиња каранфилче

Подготовка:

Виното ставете го во тенџере во кое ќе го варите и додадете му ја чашата вода, каранфилчето, анасонот, циметот, шеќерот и ванилата.
Ставете ги на тивок оган да се варат. Додадете и еден исцеден портокал, па варете го до вриење и потоа тргнете го од огинот.
Исечете неколку парченца од кората од портокалот и лимонот и додадете ги во виното.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Зоолошката градина Бронкс се затвори на 16 март како дел од мерките за спречување на пандемијата на вирусот корона.

Животно во Америка се заболе со КОРОНА: Тигар од ЗОО во Њујорк заразен со вирусот (ВИДЕО)

Тигар во зоолошката градина во Њујорк е позитивен за вирусот корона, што е првиот потврден...

Обично неспецифичната одбрана ефективно ги уништува микроорганизмите, но доколку таа се покаже како неефективна и микроорганизмите навлезат во телото, тогаш специфичната одбрана влегува во акција.

Која е улогата на имуниот систем?

Имунолошкиот систем претставува збир од органи ткива и жлезди кои го штитат телото...