Со или без ТЕ-ТО скопјани нема да останат без парно, уверува Владата.
Оттаму велат дека топланите имаат капацитет да ја покријат целосната побарувачка на топлинска енергија.
За нив има гас само до крајот на месецот, но не значи дека ќе останат без енергенс по 1 ноември, рече премиерот Ковачевски. Тој објасни дека за државата е поисплатливо да го купува гасот авансно на месечно ниво.
„Со тоа сакаме да го заштитиме буџетот на државата и да се земе оној енергенс којшто во моментот има најповолна цена или енергенс кој има поповолна цена од другите енергенси. Владата има многу јасен план на дневно ниво, комуницираме и со коморите меѓутоа и со добавувачите на енергенси со коишто државата има договори и коишто ги исполнуваат сите услови за работа со ЕСМ, изјави -Димитар Ковачевски, претседател на Влада.
Останува нејасно до каде се преговорите со ТЕ-ТО но од Владата велат дека дури и да профункционира, струјата што би ја произведувала би била многу поскапа од таа што во моментов е на берза.
„Ако ги земеме предвид моменталните цени на природен гас и се 1500 евра за 1000 нормални метри кубни, цената на производството на електрична енергија од ТЕ-ТО ќе испадне околу 280 евра за мегават час. На КУПЕКС е 200 евра. Значи на компаниите кои се на слободен пазар подобро им доаѓа да увезат струја по цена од 200 евра отколку да проработи ТЕ-ТО со цена која е 270 евра.“-Крешник Бектеши, министер за економија.
Засега со ниту една од земјите кои Владата ги посети изминатиов период не паднал договор за купување струја. Бектеши викендов во Белград беше на преговори со швајцарска компанија за набавка на гас, а утре патува за Чешка на состанок со ресорните министри од Европската комисија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.