Сега Груби тврди дека треба да се донесе посебен закон за оваа категорија административци.

Објавил: Владо Марин | 12 октомври, 2020 7:10

Груби: Законски не можат да се избркаат рамковните, ако одбијат да работат

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Немало законски начин како да им се даде отказ на т.н. рамковни вработени, ако одбијат работа во некоја од институциите. И покрај тоа што 1.350 луѓе со години земаат државна плата, а седат дома, не можат да бидат избркани – потенцира вицепремиерот Артан Груби за Алфа!

Непосредно пред напуштањето на функцијата, тогашниот министер за администрација Дамјан Манчевски рече дека за 3 месеци ќе се најде решение за овие луѓе, а ако тие не сакаат конечно да тргнат на работа, ќе им бидат прекинати договорите.

Сега Груби тврди дека треба да се донесе посебен закон за оваа категорија административци.

„Нема законска можност за тоа да се реализира, за жал. Во некои од институциите самите вработени не сакаат да одат, во некои други случаи, институциите не ги прифаќаат затоа што би преферирале нови вработувања. Затоа и најавив усвојување можеби на посебен, специјален закон, само за оваа категорија, со кој би било обврзувачки, и институцијата и вработениот да го прифатат распределувањето“ – вели Груби.

Рамковните седеле дома, но не по нивна вина – вели Груби и покрај тоа што признава дека тие одбиваат работа. Некои од нив не ги примале ниту институциите. Процесот бил почнат, но не сакаше да каже кога ќе заврши. Неблагодарно било да се даваат крајни рокови за финиш на овој долгогодишен процес.

„Неблагодарно е да зборуваме за рокови, 2, 3, 5, 6 месеци, но е апсолутен приоритет на Владата. Го има во владината програма, во нашата партиска програма и з амене претставува приоритет распределување на тие што земаат плата, а седат дома, не по нивна вина“ – вели Груби..

Груби истакна дека ќе се залагал да нема нови вработувања во администрацијата, се додека не се решат рамковните. Сепак, ситуацијата на терен е поинаква. Секојдневно има огласи за ангажирање на нови кадри. Последното истражување на Центарот за граѓански комуникации покажа дека вработувањата во министерствата се зголемиле за 3% во последните три години или за 540 луѓе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...