Соработката меѓу ODIHR и институциите во земјава е на високо ниво, но треба да продолжи исто и во иднина, беше констатирано на средбата меѓу Груби и Мекачи.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 март, 2022 20:33

Груби: Измената на Изборниот законик бара консензус од сите политички партии

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со г. Матео Мекачи, директор на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ODIHR).

Соработката меѓу ODIHR и институциите во земјава е на високо ниво, но треба да продолжи исто и во иднина, беше констатирано на средбата меѓу Груби и Мекачи.

Двајцата соговорници ја потврдија важноста на почитувањето на човековите права и слободи преку целосна имплементација на Охридскиот Рамковен Договор како гаранција за целосна социјална интеграција на сите заедници во земјата.

Во рамките на оваа средба се разговараше и за Изборниот Законик и важноста на отворање на дебата додека Владата во последното мислење дадено по овој предлог закон за изборните констатираше дека процесот на донесување на Изборниот Законик неминовно ја наметнува потребата од консензус на сите политички партии и тоа бара поширока дебата, интердисциплинарна работна група со сите партии.

Исто така, дел од разговорот меѓу Груби и Мекачи беше и Процесот на Попис на население, чии резултати се објавија денес и дадоа нова слика за бројот на населението и на сите заедници кои живеат во Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше и за спорот со Бугарија, за предизвиците со кои се соочуваме на патот кон евроинтеграциите, за работните групи кои веќе функционираат усогласено со сите детали за еден договор кој би и дал зелено светло на земјата да добие датум за почеток на разговорите со ЕУ и одржување на првата меѓувладина конференција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ова се однесува за 58 илјади домаќинства, кои се приклучени на најголемиот систем во Град Скопје. За оние кои топлинска енергија добиваат од Скопје-Север или го користат „железарското греење“, сметките минимално ќе се намалат.

СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ПОВИСОКИ ЗА 4,5 НАСТО

Со првиот ден на ноември цената на парното греење се зголемува за 4,51 насто. Ова се однесува...

Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра, вели директорот на Агенција за конфискуван имот Дритон Небиу во интервју за Радио слободна Европа.

Петте станови на Груевски проценети на 1,9 милиони евра

Откако Владата ќе одобри, конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски...

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски нема конфликт на интереси, велат од СДСМ.

СДСМ: Антикорупциска потврди дека нема конфликт на интерес кај Ковачевски

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски...

На иницијатива на претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, и во директен контакт со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се изнајде решение на предизвикот за обезбедување чартер лет за граѓаните од регионот. Со вчерашниот лет, кој беше организиран и платен од Владата на Република Македонија, покрај тоа што во Скопје долетаа преостанатите 67 наши државјани кои побараа помош, со истиот лет, Владата на Република Македонија излезе во пресрет и обезбеди трансфер на седум албански, седум црногорски и тројца бугарски државјани.

Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република ж Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата на повеќе начини, меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија.

Владата на Република Македонија внимателно ги следи случувањата во Израел преку Министерството за надворешни работи, кое што е во редовен контакт со македонската Амбасада во Тел Авив.

Владата тврди дека ги евакуирала сите патници со „Аир Србија”

Со чартер летот организиран и платен од страна на Владата на Република Македонија,...