Груби вели иако се постапило против вољата на граѓаните, ДУИ не се кае за изборот на Заев, бидејќи со него постигнале многу големи работи како воведувањето на двојазичноста, така и потпишувањето на договорите за Грција и Бугарија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 јуни, 2020 10:29

Груби: Ние го направивме Заев премиер за да го смени името и уставот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на телевизија Тв21, Артан Груби кој е поранешен пратеник на ДУИ одговарајќи на прашањето за формирање влада по престојните избори закажани за 15 јули, јавно изјави дека со своите гласови во Собранието неговата партија, го направи Зоран Заев премиер за да го смени Уставот и името на Македонија.

Груби вели иако се постапило против вољата на граѓаните, ДУИ не се кае за изборот на Заев, бидејќи со него постигнале многу големи работи како воведувањето на двојазичноста, така и потпишувањето на договорите за Грција и Бугарија.

Груби додаде дека тоа е причината поради која одлучиле да го поддржат и да му ги дадат гласовите на нивните пратеници во Собранието за Зоран Заев да биде премиер на Македонија.

-Со СДСМ и Зоран Заев направивме многу големи работи и ние во ниту еден момент не се покајавме. Ние бевме многу свесни кога одлучивме на Зоран Заев да му ги дадеме гласовите за да го направиме премиер. Ние го направивме Зоран Заев премиер за да го смени уставот и да го смени името. Го направивме Зоран Заев премиер за да го потпише договорот со Грција и со Бугарија, за да ја направи јазичната еднаквост. Со полна свест и убедување го направивме тој чекор кој беше различен од тоа што граѓаните имаа гласано во 2016 година, рече Груби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Симецка денеска изјави дека се уште гледа можност за формирање на владејачка коалиција и додаде дека третопласираната партија ХЛАС ќе биде одлучувачки фактор за формирање на новата словачка Влада, пренесуваат британските медиуми.

Фицо ќе ја прекине воената помош: Словачка има поголеми проблеми од Украина

Роберт Фицо, чија партија СМЕР-ССД победи на парламентарните избори во Словачка, денеска...

Според Камбовски, за донесување на новиот закон за аменстија неопходна е детална анализа која во моментов остсуствува. Вели потребни се аргументи дека пренатрупаноста е главен мотив за ослободување затвореници.

Работната група до крајот на месецов ќе подготви нов Кривичен законик- се враќа делото „злоупотреба на службената положба при јавни набавки“

Работната група која го подготвува новиот Кривичен законик нема да дозволи неказнивост...

Она што го има таму се луѓе кои направија многу штета за која следува многу години одговорност за сето она што им го донесоа на Македонија и на народот

По изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство на СДСМ, најавува Мицкоски

По поразот на изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство...