Откако како студент двапати беше уапсен од југословенската тајна служба по демонстрациите во 1981 година, тој успеа да се спаси од третиот обид за апсење и побегна во Швајцарија од каде ја продолжи борбата за демократија и слобода.

Објавил: Владо Марин | 1 јули, 2021 17:52

Груби: Охридскиот договор ја трансформираше Македонија и стана ѕвезда водилка кон иднината

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во оваа пригода, Груби рече дека Охридскиот Рамковен Договор одигра многу важна улога во трансформацијата на Република Северна Македонија, што ја направи функционална мултиетничка демократија и ја претвори во клучен фактор за стабилноста на целиот Балкан.

Првиот вицепремиер Груби пред присутните исто така рече дека улогата на меѓународната заедница во олеснувањето и спроведувањето на Охридскиот Рамковен Договор беше голема и многу потребна и дека без помошта на европските партнери и aмериканските пријатели, земјата тешко ќе чекореше напред.

Груби ги покани лидерите на соседните земји но и пошироко да го користат овој уникатен договор со цел надминување и решавање на отворените домашни или регионални проблеми.

Во продолжение ви го пренесуваме целосниот говор на првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби:

„Дами и господа, драги пријатели на Република Северна Македонија, Почитуван г-дин Ричард Ле Рој, поздрав и добредојдовте во Северна Македонија, Почитуван амбасадор, добредојдовте повторно во Вашиот омилениот град, Почитуван Едвард, задоволство е што се сте повторно со нас.

Кога мојата земја аплицираше за членство во Европската Унија во 2004 година, нашиот драг пријател Хавиер Солана претстави широко прифатена максима во нашиот дискурс и во нашиот однос со Европската Унија, наведувајќи дека „Патот до Брисел минува низ Охрид“.

Навистина така и се случи.

Се сеќавам на насмеаното лице на Ерван, со неговото бело палто и шарениот шал, неколку дена по стапувањето на должност, носејќи шише Шампањ со цел да прославиме, и тоа на крајот на декември 2005 година кога нашата земја го доби статусот кандидат за членство во ЕУ, токму како резултат на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.
Рано утрово, еден телефонски повик од г-дин Ахмети, кој денес е тука со нас, го смени говорот што имав намера да го одржам.

Пред точно 37 години, на овој ден, тој беше принуден да замине и да побара азил во Швајцарија и да не го види своето семејство повеќе од една деценија.

Откако како студент двапати беше уапсен од југословенската тајна служба по демонстрациите во 1981 година, тој успеа да се спаси од третиот обид за апсење и побегна во Швајцарија од каде ја продолжи борбата за демократија и слобода.

Од избувнувањето на војната во Словенија, Хрватска, Босна, Косово, Северна Македонија и Србија, стотици илјади луѓе загинаа, а милиони се раселија.

Кога ќе се потсетиме на сето она низ што сме поминале сите во последните три децении и каде сме денес, се прашувам себеси, ЗОШТО?

Зошто да го идентификувате интересот на вашата нација на штета на друга нација?

Национализмот, драги мои пријатели, заслепе некои од нас и донесе уништување предизвикувајќи да изгубиме две децении од нашиот живот.

За да се бориме против тоа масовно слепило, беа потребни храбри мажи и жени да се кренат на нозе и да кажат ДОСТА Е.

И на тие мажи и жени им требаше поддршка од слободниот свет за да се постигне мир.

Такви мажи и жени беа оние кои го потпишаа Охридскиот мировен договор пред 20 години и Преспанскиот договор пред две години.

Потребна е поголема смелост да се стави крај на недоразбирањата отколку да се создадат нови проблеми.

„Благословени се миротворците”.

Затоа, би сакал да се зголеми важноста на еднаквоста и верноста.

Еднаквоста е услов да се биде рамноправен во едно општество, особено во статусот, правата или можностите, како и во обврските и верноста како лојалност на една индивидуа кон цела нација, кауза, филозофија, земја, група или личност.

Колку повеќе граѓаните се чувствуваат еднакви, толку општеството станува покохезивно и поправедно.

Колку е повеќе државата верна на своите граѓани и кон сите заедници, толку повеќе граѓаните и заедниците се верни на државата.

Што изгуби мојата земја од реализацијата на целосната еднаквост за сите нас и од спроведувањето на Охридскиот рамковен договор?

Што изгуби мојата земја со тоа што стана поверна кон сите граѓани?

Не изгуби ништо, доби многу.

Денес сум горд што ја претставувам својата земја, Македонија, и што ја бранам нашата еднаквост и нашата заедничка цел, се обидувам да докажам дека припаѓаме на евро-американското општество кога станува збор за вредностите.

Мојот колега Талат гордо го води Собранието, Бујар раководи со дипломатијата на земјата, Фатмир ги раководи финансиите, најмалку петмина албански играчи гордо го носеа националниот дрес за време на Европското првенство во фудбал, г-ѓа Беса одлично раководи со Врховниот суд, и така натаму и така натаму.

Ние сме по верни откако државата започна да промовира еднаквост и лојалност кон сите подеднакво!
И сето тоа беше постигнато во тесно партнерство со Европската Унија, Соединетите Американски Држави, НАТО и ОБСЕ. Тоа е заедничка успешна историја што ќе ја прославиме и обележиме заедно на 13 август.

Би сакал да ја искажам својата најдлабока благодарност до сите национални лидери и пријатели од меѓународната заедница, некои денес се дури и присутни тука со нас, некои не се тука, но сите тргнавме по овој тежок пат, заедно пред 20 години и остануваме заедно на патувањето кон мирот, просперитетот, развојот и интеграцијата. Патување на кое има уште многу работа за да се реализира.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Игор Петрески, претседател на здружението „Карпалак“ е разочаран и стојат на ставот дека биле предадени и „наместени“. Вели дека многу се ветуваше, но не е направено!

21 година од трагичниот настан кај местото Карпалак на патот Скопје

На 8 август 2001 година кај месноста Карпалак загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски,...

Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гавриил му се јавил на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм

ЗА МНОГУ ГОДИНИ ИВАНДЕН: Цвеќето има магична моќ!

Денеска се празнува Свети Јован- летен, повеќе познат како Иванден, денот на раѓањето...

Огромна река народ од десетици илјади ги преплавуваат улиците во протестот против бугаризација на Македонија со предлогот на Европската Унија.

ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ – ВЛАДАТА УТРЕ ЌЕ ГО УСВОЈУВА ПОНИЖУВАЧКИОТ ПРЕДЛОГ!

ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ – ВЛАДАТА УТРЕ ЌЕ ГО УСВОЈУВА ПОНИЖУВАЧКИОТ ПРЕДЛОГ! Огромна...

Средбата е дел од низата планирани консултативни средби на Ковачевски со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство.

Почна средбата Ковачевски – Мицкоски во Клубот на пратениците

Почна средбата Ковачевски – Мицкоски во Клубот на пратениците! Во Клубот на пратениците...