Во интервју за албански „Шчип“, организацискиот секретар на ДУИ, открива дека започнале разговорите за формирање на Влада. Тој вели дека секојдневно имаат контакти со СДСМ, за формирање на коалиција.жа
-Ние се уште сме колеги во владата и нашите контакти се секојдневни како две главни партии во земјата. Чекаме да заврши крајот на жалбениот процес и да ги продолжиме и засилиме контактите за воспоставување на институциите кои излегоа од изборите на 15 јули во соработка и одговорен дух – вели Груби.
Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.
-Дел од некое евентуално алтернативно мнозинство би била партијата „Левица“ и ова е неприфатливо за нас и не доаѓа во предвид соработка со овој деструктивен и регресивен ентитет. Нема да дозволиме да се вратиме назад, без оглед на тоа дали сме во позиција или во опозиција. Нашиот пат кон еднаквост и интеграција во НАТО и во ЕУ не смее да биде загрозен од никого и тоа нема да го дозволиме – порача Груби.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.