Првиот претседател на Репулика Северна Македонија барем извесно време ќе биде Талат Џафери, вели Груевски

Објавил: Македонка Димкин | 13 февруари, 2019 0:40

Груевски: Бев уценет од Али Ахмети и Мендух Тачи за Пржинската Влада! (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©видео инфомакс

На прашањето зошто го потпишал договорот од Пржино, Груевски вели дека тоа било прашање кое му било поставено од многу луѓе, а особено зошто се потпиша за СЈО такво какво што беше. Поголемиот дел од разговорите околу пржинскиот договор не беа проблематични, меѓу другото предвидуваа предвремени избори. Но она што беше најпроблематично беше СЈО за кои разговори беа задолжени Никола Тодоров и Никола Поповски.

Клучниот момент околу разговорите на Пржинската Влада беше моментот кога дојдоа Али Ахмети и Мендух Тачи и ни поставија услов, да го прифатиме предлогот за СЈО таков какоб што е или тие другиот ден ќе ја напуштат владата. 

Тогаш се направи нов моментум вели понатаму Никола Груевски во интервјуто за порталот инфомакс, и ние после долгите консултации прифативме да го потпишеме пржинскиот договор.

Што се однесеува до корумпираното и селективнот судство , Груевски вели дека ги разбирал судиите бидејќи ако не правеле како што им велат, тогаш можело да ја изгубат лиценцата за судија,  судиите се плашеле за себе и нивната судбина, тие биле свесни дека судат погрешно. Значи ли ова дека Груевски индиректно признава дека и тој се водел од истииот приинцип на личен интерес и се плашел да не го изгуби неговиот стекнат статус? 

На прашањето од новинарот за тоа како тоа се согласил за Катица Јанева кога се знаело дека во нејзиниот беграунд меѓу другото било и членството во СДСМ, Груевски одговара дека за тоа дознале подоцна инаку немало да се согласел. И овде се поставува прашањето како тоа Груевски да не знаел за Катица која беше јавен обвинител, дека била блиска со СДСМ,  знаејќи го фактот дека долго време шеф на тајната полиција беше токму  неговиот прв братучед Сашо Мијалков?

Дали Груевски ја зборува вистината?

На прашањето за претседателските избори, Груевски вели:

Јас мислам дека нареден претседател, барем некое време ќе биде Талат Џафери. Изборите се така направени, зборувам за изборните денови, да вториот круг на претседателските избори завршува на 5.мај. Мандатот на Иванов завршува на 12.мај, значи на 12 ако не се завршени сите процедури нема да имаме претседател. Многу е мала веројатноста дека меѓу петти и 12 ќе се завршат сите оние периоди за жалба до ДИК, одговор на ДИК, решавање, тужба до еден суд до друг суд, носење на конечна одлука на ДИК за прогласување на кој е победник – кој не.

Ова под услов се да биде во ред, под услов да имаме кандидати и во првиот и во вториот круг. Мислам дека неслучајно е направено тоа толку доцна де се поместат изборите, според моето искуство доста е веројатно дека барем неколку дена или можеби некоја недела Талат Џафери како претседател на Собранието ќе ја врши улогата на претседател на државата, вели Груевски во интервјуто за „Инфомакс.мк“

Не е исклучено дека тоа е и договор помеѓу СДСМ и ДУИ за во тој вакум период да испотпише се што треба да се испотпише и кој дојде после, што и да биде да е веќе завршена работата, додава Груевски во интервјуто за „Инфомакс“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Претседателите на општинските организации се оние што се прво одговорни од аспект на СДСМ на микро ниво, на ниво на општинска организација.

ЗАЕВ: Јас сум прв одговорен во Македонија и граѓаните од мене бараат кадровски решенија!

Во почетокот на јуни премиерот Зоран Заев ќе ја соопшти одлуката кои министри, директори...

Договорот кој го направија Македонија и Грција е само географски компромис и мило ми што тензиите кои преовладуваа меѓу двете земји сега се завршени.

Здравко Чолиќ стигна во Македонија и гостин во „Само Вистина„

Во вечерашната емисија на „Само вистина„ на Канал 5, гостин беше српскиот пејач Здравко...

После неколку месеци откако се случи несреќата, Дарко седна пред камерите и раскажа неколку неоткриени детали за несреќата.

Дарко Лазиќ откри непознати детали за несреќата: „Никогаш нема да оздравам„

Српскиот пејач Дарко Лазиќ за медиумите откри непознати детали за тешката сообраќајна...

Таа вели дека е чудно тоа што верска заедница повика да се излезе на гласање, иако Македонија е секуларна држава.

Силјановска: “Добив понуда од нашата дијаспора да настапам на изборите самостојно”

Гордана Силјановска Давкова, која беше кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ во Отворено...