Одредбите создадени да ги заштитат политичките бегалци од прогон од репресивни режими, иронично, го штитат поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, од затворска казна и други кривични пријави што произлегуваат од неговото децениско десничарско владеење, велат правните експерти, објави Балкан инсајт, а пренесува МКД,.МК.
Со добиен политички азил, Груевски во суштина е слободен човек, а неговиот статус во Унгарија го спречува Интерпол да издаде налог за апсење, кој Македонија го бара од 2019 година.
Шансите на Скопје да го стави Груевски зад решетки се практично нула, вели Зоран Дранговски, шеф на македонското Здружение на млади правници.
Според новиот правилник донесен во 2015 година и потврден во 2017 година, „секоја потерница или црвена потерница што се однесува на бегалците ќе биде индивидуално оценета за одобрување од страна на генералниот секретаријат“.
„Интерпол нема да издаде налог за апсење ако го побара земјата од која избегал бегалецот, и ако бегалецот веќе е потврден од земјата каде што побарал засолниште“, пренесува МКД.МК.
Пред да ја почне двегодишната затворска казна, Груевски избега во ноември 2018 година, прво во Албанија, а потоа – со помош на унгарски дипломати – во Унгарија, каде што поднесе барање за азил, велејќи дека неговиот живот е под закана. Барањето му беше исполнето.
Поради тврдењето на Груевски дека е жртва на политичка местенка и планирана цел на атентат, Унгарија одби да го екстрадира во Македонија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.