Најблиската соработничка на Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи со остри зборови против Груевски.

Објавил: Узунов Бобан | 10 јануари, 2019 21:07

Груевски доби клоца од Гоца Јанкулоска!

Фото/Текст извор: ©магазин

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и негова долгогодишна најблиска соработничка жестоко го нападна поранешниот премиер Никола Груевски после неговиот објавен статус денеска во кој тој прави анализа на случувањта изминатиов период  кои претоходеа на промената на името и им порачува пратениците од мнозинството дека ова e последна шанса да се премислат. 

 Кога си далеку од проблемите, на 800км од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при тоа амнестирајќи се од сите проблематични одлуки за кои секогаш одговорен е некој друг и игнорирајќи ја реалноста дека Македонија е таму каде што е денес, меѓу другото и заради бројните испуштени шанси во минатото.

Најблиската соработничка на Груевски со остри зборови-Никогаш не си превземал одговорност и Македонија е таму каде што е поради тебе !

Не знаеме дали Јанкулоска со овој статус дава поддршка на Преспанскиот договор и се приклучува на групата на Никола Тодоров која е на иста линија со премиерот Заев, но јасно е дека Јанкулоска на 800км оддалечена од поранешниот шеф му префрла две работи. 

Прво, дека сите проблематични одлуки кога тој бил премиер и претседател на партија одговорноста ја превземал некој друг, веројатно мислејќи и на самата себе.

И второ, тоа што Македонија денеска не е членка на НАТО и ЕУ, токму поради испуштените шански да се реши спорот со името кога Груевски бил во можност да го направи тоа. 

Дилема која легитимно се поставува, дали Јанкулоска е во договор да обработува за Заев и компанија со цел да биде амнестирана од случаите кои се водат против неа ?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Според Илиевски, тврдењата на Вучиќ за реализација на „македонско сценарио“ во Србија се класична демагогија и дезинформации.

Илиевски: „Ако Вучиќ го сака Груевски, нека појде Будимпешта и нека се напијат кафе заедно“

Претседателот на Партијата на Македонците во Србија, Горан Илиевски вчера во гостувањето...

„Русија ја призна Република #Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува”, стоеше на официјалниот твитер-профил на руската амбасада во Скопје,

Русија го призна новото име Република „Северна„ Македонија

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација денеска соопшти дека Русија...

Како вокална поддршка Тамара ќе ги има извонредните гласови на Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев.

На евровизиската сцена Тамара ќе настапи со уште две прекрасни дами (ФОТО)

Тамара Тодевска на 16 мај ќе ја претставува нашата земја на сцената на „Евровизија“...

Распишани се два тендера во висина од по 211 000 евра за авио билети и хотелско сместување на пратениците во наредните две години. 

Собранието ќе потроши 422 илјади евра за хотелско сместување и авиобилети за пратениците

Распишани се два тендера во висина од по 211 000 евра за авио билети и хотелско сместување...