И СЈО и Судот знаат дека Груевски не може да оди во затвор, затоа што е осуден на помалку од 5 години ефективна казна и затоа што постои можност Уставен да интервенира

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 октомври, 2018 12:07

Груевски до 8 ноември да се јави во затворот во Шутка

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот премиер Никола Груевски утрово пред да влезе во кривичниот суд ја прими поканата за да оди во затвор.

Според неа нa 8 ноември тој треба да се појави во затворот во Шуто Оризари за две годишната казна затвор за случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес, вреден 660.000 евра.

Според информации од кривичен суд имало неколку неуспешни обиди поканата да му биде врачена на домашна адреса, па затоа денеска пред да седне на обвинителна клупа за случајот „Траекторија“ го добил упатниот акт за затвор од судија за извршување на санкции.

Воедно правниот тим на Никола Груевски поднесе и преставка за оценка на уставноста на членот од Кривичниот законик на Македонија, по кој се обвинет и осуден нивниот клиент, а за кој се смета дека не е во согласност со Уставот на Република Македонија.

Правно, Груевски пред воопшто да биде повикан на издржување затворска казна, надлежниот суд треба да достави барање за укинување на пратеничкиот мандат до Собранието на Македонија, кое на својата собраниска мандатно имунитетна комисија ќе решава дали пратеникот ќе го изгуби или не имунитетот.

Согласно Деловникот, како Груевски е осуден на ефективна казна со траење од 2 години, тој ќе остани пратеник.

Член 17

Пратеникот ужива имунитет за времетраењето на мандатот.

Пратеникот не може да биде притворен без дозвола на Собранието, освен ако бил затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

Постапката во врска со применувањето на имунитетот поблиску се определува со Деловникот на Собранието.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести