Груевски се огласи на социјалните мрежи, пребегал во Унгарија откако во Македонија примил сериозни закани врз неговиот живот, од унгарските власти бара политички азил за себе

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 13:31

Груевски е во Будимпешта, побарал политички азил од унгарските власти

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО – ДПМНЕ, актуелен пратеник, Никола Груевски се огласи на социјалните мрежи.

Според објавата, Груевски по бројните закани по неговиот живот пребегал во Будимпешта, каде од унгарските власти побарал политички азил.

Виктор Орбан е актуелен премиер на Унгарија во својот втор мандат од 2010 година. И претходно бил премиер во периодот од 1998 до 2002 година. Тој е актуелен претседател на националната конзервативна партија. На партиското чело е од 2003 година а претходно бил партиски челник од 1993 до 2000 година.

Веста е објавена на социјалните мрежи на Груевски и во неа кратко стои:

Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот.

Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти.

Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија.

Никогаш нема да отстапам.

Неофицијално дестинации за кои се сметаше дека Груевски би ги одбрал ако се даде во политички бегство беа Унгарија, Турција, Србија, Израел и Русија.

Во Унгарија премиер е Виктор Орбан, тешката десничарска рака која ја дрма Европа а кој е и личен пријател со поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски.

Неофицијално Груевски ја напуштил Македонија за викендот, ноќта помеѓу саботата и неделата.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Претседателот Иванов јасно го повтори својот став, НАТО и ЕУ интеграциите никогаш не биле доведени во прашање, штетниот Преспански договор е она што е камен кочничар

Иванов му одржа “лекција” и на заменик државиот секретар на САД

Претседателот Ѓорге Иванов, синоќа го прими Џон Саливан, заменик државен секретар...

Пропадна најавата дека државата конечно ќе добие квалитетно тело за борба против корупцијата, ни по 9 месеци СДСМ и ДУИ не се подготвени за транспаремтно работење

Обидот за формирање антикорупциска ги скара ДУИ и СДСМ

Кога државата не може цела година да формира состав на Комисијата за борба со корупцијата...

Зијадин Села, Сурија Рашиди и Горан Милевски се единствените пратеници кои не го поддржаа Законот за амнестија како резултат на комисијата за национално помирување

Три пратеници против законот за амнестија

Експресното гласање на Законот за амнестија во Законодавниот дом покажа дека полека...

Во акцијата на МВР останува отворено прашањето како во рок од два месеци во Македонија без санкции била внесена марихуаната од Албанија, а била наменета за Турција

Половина тон марихуана шверцувани во камионска приколка

Во координирана полициска акција на Граничниот премиер Богородица, запленети над...