Груевски рече дека не сака да го направи тоа, но доколку решиле да продолжат да се занимаваат со него, тогаш ќе бил тука

Објавил: Македонка Димкин | 26 септември, 2023 17:26

Груевски им запрети на Мицкоски и Николоски преку неговиот портал Инфомакс

Фото/Текст извор: ©Фејсбук

Се трудам да се воздржам да не кажам некои работи што ќе им направат голема штета. Јас имам многу информации, но сум незадоволен од многу работи“ – рече Никола Груевски синоќа во вонредното вклучување во емисија во живо на порталот Инфомакс.

„Јас со многу нивните политики не се согласував и сега не се согласувам, но не го кажувам тоа јавно за да не направам штета. На пример го спомнавте Александар Николоски, па јас толку работи можам да му одговорам да не може да се отплетка со месеци. Или на Христијан. И да се чудат што ги снашло“ – рече Груевски.

Тој рече дека не сака да го направи тоа, но доколку решиле да продолжат да се занимаваат со него, тогаш ќе бил тука.

„Не сакам да го направам тоа. Таа партија не е на Александар и на Христијан. Во мое време таа партија имаше 181.000 членови. Се трудам да не возвратам силно како што знам. Ги оставам да лудуваат некое време да им помине. Ако почнеме јас и моите приврзаници што сме незадоволни од ова раководство тоа води во една друга насока.

Но, овие луѓе како да сакаат да се случи тоа. Но доколку се решат да се занимаваат со мене до изборите тогаш тука сум“ – заклучи тој.

Како и досега Груевски цело време се занимаваше сам со себе, тоа што Гордана Јанкуловска е во Затвор, тоа што многу невини гнијат бо Затвори поради манипулациите и интеигите на Груевски, нему не му е гајле. Тој се занимава сам со себе и се нори од петни жили и по цена на предавство за својот задник. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ова се однесува за 58 илјади домаќинства, кои се приклучени на најголемиот систем во Град Скопје. За оние кои топлинска енергија добиваат од Скопје-Север или го користат „железарското греење“, сметките минимално ќе се намалат.

СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ПОВИСОКИ ЗА 4,5 НАСТО

Со првиот ден на ноември цената на парното греење се зголемува за 4,51 насто. Ова се однесува...

Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра, вели директорот на Агенција за конфискуван имот Дритон Небиу во интервју за Радио слободна Европа.

Петте станови на Груевски проценети на 1,9 милиони евра

Откако Владата ќе одобри, конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски...

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски нема конфликт на интереси, велат од СДСМ.

СДСМ: Антикорупциска потврди дека нема конфликт на интерес кај Ковачевски

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски...

На иницијатива на претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, и во директен контакт со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се изнајде решение на предизвикот за обезбедување чартер лет за граѓаните од регионот. Со вчерашниот лет, кој беше организиран и платен од Владата на Република Македонија, покрај тоа што во Скопје долетаа преостанатите 67 наши државјани кои побараа помош, со истиот лет, Владата на Република Македонија излезе во пресрет и обезбеди трансфер на седум албански, седум црногорски и тројца бугарски државјани.

Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република ж Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата на повеќе начини, меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија.

Владата на Република Македонија внимателно ги следи случувањата во Израел преку Министерството за надворешни работи, кое што е во редовен контакт со македонската Амбасада во Тел Авив.

Владата тврди дека ги евакуирала сите патници со „Аир Србија”

Со чартер летот организиран и платен од страна на Владата на Република Македонија,...