Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка (или притвори) неговиот братучед Сашо Мијалков се кобните грешки поради кои денес Македонија постана вистински протекторат.
Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси.
Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот “пржински договор” со кој доброволно се откажа од власта, ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.
Но тој да си ти имал криминални проблеми (многу поголеми од оние за измислените оптужби за набавката на мерцедесот) поради што без борба ја предаде власта, или ???
Од оној момент кога аболицираниот Криминалец Заев му влезе во Канцеларија и го уценуваше пред целата Македонска јавност, почна да се назира дволичноста на овој самобендисан поранешен политичар.
И да не бидам погрешно разбран, јас не ја спорам способноста на Груевски во менаџирање и како економист во никој случај, човекот си е на место и направи многу за Македонија, впрочен и тој беше последен што направи нешто.
Но грешките кои ги направи кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка ( или притвори) неговиот братучед Сашо Мијалков се кобните грешки поради кои денес Македонија постана вистински протекторат.
Никола Груевски и Сашо Мијалков се и директните виновници поради кои денес лежат во затвор невини луѓе кои беа токму од него изманипулирани.
Се сеќавате кога аболицираниот криминалец Заев по нарачка од некого го менуваше името? Што правеше Груевски во Собрание?
Груевски можеше да биде легенда и лидер каков и што секој посакуваше, но тој во согласност со Американската Амбасада си замина од Македонија и го остави на цедило својот народ кој тој од уста не го вадеше. И сега се јавува редовно со статуси, но само ако е тоа од негов интерес и тие се поврзани со нешто со кое тој може да собере некој поент.
Да имаше храброст денес Македонија немаше да биде “северна” со Албанска влада. Или сте прочитале некаде Груевски да го критизира ДУИ? Груевски е нажалост во моиве очи манипулатор и самобендисан човек, кој мора на Македонската јавност да и објасни многу работи.
Затоа ми се смачи кога ќе слушнам Груевски напишал вака, Груевски напишал така.
Знам дека ме читаш Никола, врати се, одлежи си и побарај прочка од Македонскиот народ можеби многумина ќе ти простат, но не попувај доста е, бидејќи народот Македонски не заслужува да пати.
Ако си маж Никола помоли се..
Знаеме дека многу направи …. но од минусите плусот не се гледа од трева и трње….
Васко Белески
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.