Македонија
Фејсбук
Екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски упати честитка по повод 30-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ и им честиташе на основачите на партијата за нивната визија и храброст за придонесот кон партијата во текот на изминатите години!
На сите членови на ВМРО-ДПМНЕ им го честитам 30-тиот роденден на партијата која ги возобнови идеалите и стремежот на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација во една демократска рамка на современото време, пишува Груевски!
Време во кое македонската нација, Македонците и сите граѓани на Република Македонија и македонската дијаспора создадоа независна и суверена држава и соочувајќи се со многу предизвици, подеми и падови, макотрпно ја издигаа во нејзиниот развој, особено силно кога Македонија ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ.
Честитки и почит кон основачите на партијата за нивната визија и храброст, но и кон сите кои подоцна со својот активизам и силна посветеност се вградија во развојот, изградбата, јакнењето и успесите на партијата и на нашата татковина Македонија, заради која постои ВМРО-ДПМНЕ, вели Груевски!
Нека е вечно ВМРО!
Нека е вечна ВМРО-ДПМНЕ!
Нека е вечна Македонија!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Фејсбук
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.