Издавањето на книгата не одеше според планот кој го имав во летото 2018 година.

Објавил: admin@magazin | 7 мај, 2019 17:53

Груевски не знаеше што да прави, па напиша книга во Будимпешта- Со посвета на моите ќерки Софија и Анастасија!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Поранешниот премиер Никола Груевски преку социјалните мрежи информираше дека неговата книга е готова и дека ќе биде достапна на годинешното издание на Саемот на книгата.

Книгата ,,Искуства за иднината“ е всушност мојот докторски труд на тема: ,,Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“ одбранет во јули 2018 година на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Ки­рил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.

Овој докторски труд го одбранив пред петчлена комисија на профе­сори: проф. д-р Методија Несторовски како претседател на комисијата, ина­ку мој ментор во времето кога го подготвував и одбранив магистерски­от труд, проф.
д-р Михаил Петковски, ментор на овој докторски труд и рецензент на книгата, проф. д-р Живко Атанасовски, кој е исто така рецен­зент на оваа книга, проф. д-р Љубе Трпески и проф. д-р Владимир Фи­липовски. На сите им благодарам за поддршката, професионалниот однос и за соработка­та.

ПОЛИТИЧКИТЕ ОКОЛНОСТИ
ВО ВРЕМЕТО НА ИЗДАВАЊЕ НА КНИГАТА

Од мај 2003 до декември 2017 Никола Груевски е претседател на партијата ВМРО-ДПМНЕ, а по неговото повлекување од оваа функција избран е за нејзин почесен претседател.
Од август 2006 до јануари 2016 е претседател на Владата на Република Македонија.

Неизбежно е да потенцирам дека оваа книга се издава токму во вре­ме на сложени политички случувања во Македонија и кога веќе поло­вина го­дина имам статус на личност со доделен политички азил како поли­тичко про­гонето лице и се наоѓам во Република Унгарија.
Издавањето на книгата не одеше според планот кој го имав во летото 2018 година.

Издавањето беше планирано да се случи во јануари 2019 година, по довршување на одредени дополнувања во книгата поврзани со обезбедува­ње и внесување дополнителни податоци објавени по предавањето на доктор­скиот труд за одбрана, а заради поголема актуелност на книгата.
Но, кампањата на политичкиот прогон кон мене кулминираше есента 2018, а нејзините креатори толку многу брзаа да ме затворат и отстранат, користејќи лажни клевети и неосновани политички мотивирани обвиненија, што му одредија на судот кој им беше потчинет, да не ми дозволи време пред извршување на незаслужената санкција, околу два месеци колку што побарав, за да ги завршам спомнатите дополнувања кои пла­нирав да ги вметнам и кои сега, пред нејзиното издавање, веќе ги вмет­нав во книгата.

Впрочем, веројатно ќе го доловам можеби најголемиот дел од мотивот за политичкиот прогон против мене, ако само потенцирам дека докторскиот труд од кој произлегува оваа книга е завршен и одбранет пред струч­ната комисија во време кога сѐ уште мојата татковина во нејзиниот Устав се нарекуваше Република Македонија.

Книгата која произлегува од докторскиот труд се објавува кога веќе тоа име, на еден брутален и недемократски начин, со валкани уцени и притисоци, политички мотивира­ни обвиненија, монтирани судски процеси и апсења, а сето ова со под­дршка на силна медиумска кампања, е променето во Република Северна Македонија, заедно со бројни други чекори поврзани со идентитетот на Македонците, историјата на македонскиот народ, а во тој контекст и образованието и културата.
На крајот, врз основа на повеќе околности, кои подетално ќе бидат предмет на обработка во друга книга, произлезе и потребата да побарам политички азил во странство и сите тие историски збиднувања во Македонија го одложија издавањето на оваа книга.
Можам само да се заблагодарам на институциите на Република Ун­гарија, кои по деталните интервјуа и проверки по моето доаѓање тука, како независни институции на суверена држава, проценија дека има доволно причини да добијам заштита преку доделување на политички азил во согласност со меѓународните конвенции и унгарското законодавство како земја членка на Европската унија и на НАТО.
Без тоа, оваа книга, немаше да биде во Вашите раце.
* * *
Д-р Никола Груевски (1970) е роден во Скопје, Македонија. Дипломира (1994) на економскиот факултет при Универзитетот ,,Св.Климент Охридски” во Битола. Магистрира (2006) и докторира (2018) на економскиот факултет при универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје. Поминал голем број работни тренинзи и обуки, од кои позначајни се работниот тренинг во инвестициска куќа во лондонскиот Сити, берзанскиот тренинг во Франкфурт и обуката за менаџмент во Јокохама.
Неговата богата професионална кариера започнува во банкарството и подоцна во берзанското работење, ја прави првата трансакција на македонската берза, потоа станува прв претседател на Брокерската асоцијација на Македонија, потпретседател на Евроатлантскиот совет на Р. Македонија, а од 1998 година продолжува со извршување на бројни високи функции како министер за трговија и министер за финансии во Владата на Република Македонија, гувернер на Македонија во Светската банка и во ЕБОР, претседател на Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија, советник на министерот за финансии на Република Србија во рамки на проект на УСАИД, a како пратеник во македонскиот парламент бил претседател на Комисијата за финансирање и буџет.

Од мај 2003 до декември 2017 тој е претседател на партијата ВМРО-ДПМНЕ, а по неговото повлекување од оваа функција избран е за нејзин почесен претседател.
Од август 2006 до јануари 2016 е претседател на Владата на Република Македонија.
Од декември 2016 повторно е пратеник во македонскиот парламент. Во ноември 2018 врз основа на националната регулатива и меѓународните конвенции, Република Унгарија му доделува политички азил заради политички прогон во Република Македонија.
Како министер и подоцна како премиер иницијатор и предводник е на голем број реформи од повеќе области.

Во периодот додека е премиер, Македонија е земја со најниска вкупна даночна стапка во светот (The Global Competitiveness Report 2014–2015), лидер во Европа според бројот на новоотворени работни места по жител креирани од странски инвеститори (Ernst & Young, 2015), прворангирана во светот од аспект на создадени или новоотворени работни места (на милион жители) преку странски директни инвестиции (IBM Business Institute, 2016), неколку години помеѓу топ 10 реформатори во светот (World Bank, Doing business report 2008, 2012 и 2014), 10-та најдобра во светот и 5-та во Европа земја за лесно правење бизнис (World Bank Doing business report, 2016).
Никола Груевски е човек кој има силна верба во Бога, а идеалот од којшто се раководи во текот на неговиот живот и работење е константна и исклучително посветена работа за доброто и просперитетот на својата земја.
Никола Груевски е автор на книгата ,,Кон излезот-странските директни инвестиции, економскиот развој и вработеноста” (2007) и коавтор е на книгата ,,Македонската економија на крстопат” (1998).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Поезија

Живеевте многу брзо, се натпреварувавте во сè! Во пари, во деловна активност, во големината на куќите, во длабочините на џепот, во убавината, во модата, во себичноста додека вашите срца полека се замрзнуваа!

МОЌНА ПОРАКА: Не плашете се, не сум ви непријател, јас сум тука да ве предупредам

Дојдов како гласник, дозволете ми да ве спречам! Да ве освестам, да ви ја пробудам свеста....

Замислував свет , не живеев во реалноста, каде парите се она најглавното,арно викаат старите не веруваш се додека не почуствуваш на своја кожа!

Некогаш плачев за љубовта, денес плачам за мојата иднина!

Некогаш плачев за љубовта, денес плачам за мојата иднина! Живеев во свет каде на прво...

Стихозбирката брзо се растура по цела тогашна Југославија и во Пиринска Македонија и постигнува голем успех.

„Денови ли се – денови, аргатски маки големи“: 80 години од издавањето на „Бели мугри“ на Кочо Рацин

Бели мугри е збирка поезија од Кочо Рацин, објавена во 1939 година во Самобор близу Загреб....

Иако приказната е од Русија,пораката погодува директно во срце. Ова не би требало да се игнорира. Иван не смее да се заборави.

Срцето на малечкиот Иван престана да чука: Родителите го убија својот син!

Приказната е за Иван – но не само за него. Тоа е приказна за милиони деца како него,...