
Македонија
Фејсбук
Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски се огласина својот Фејсбук профил откако вчера Основното Јавно Обвинителство објави обвинение во кое стои дека тој заеднос о поранешниот спикер на собранието Трајко Вељановски, поранешниот министер за Транспорт и врски Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски и Никола Бошковски, во 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада изготвиле план со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата.
Лага е веста дека јас или партијата ВМРО-ДПМНЕ сме организирале упад во Собранието на 27ми април 2017, наведе вчера Никола Груевски.

Поранешниот премиер кој е во бегствово Будимпешта истакна дека новото обвинение за 27 април исто како и претходното е политички мотивирано и конструирано.
– Ако претходното обвинение беше во функција на промената на името, идентитетот, уставот и историјата, новиот случај е во функција на следните парламентарни избори, напиша поранешниот премиер.
Груевски вели дека не е точна информацијата со која се тврди дека тој му давал инструкции на Вељановски да го спречи изборот на нов претседател на Собранието. Груевски вели дека ниту Ристовски ниту Јанакиевски недобиле инструкции од партијата да мобилизираат членство за насилен упад во Собранието со цел тепање на пратениците или со каква било цел.
– Тогашните мирни протести организирани од граѓанската иницијатива нам како партија ни одговараа бидејќи имавме иста позиција во врска со Тиранската платформа. Но, нагласувам: мирни протести, истакна поранешниот премиер.Ниту на денот на настанот или претходниот ден кога бев на службен пат во Виена, ниту претходно, било кому сум издал инструкција дека треба да се организира насилен влез во парламентот и тепање пратеници, посочи тој.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.