И Груевски и Богоевски имаат право на апанажа. Груевски се уште не се изјаснил дали ќе го користи ова свое право, додека пак, Богоевски рече дека се уште размислува.

Објавил: Валерија Петрова | 11 јуни, 2019 18:31

Груевски повеќе не е пратеник, Ѓоко Камчев е неговиот наследник – запознајте го новиот пратеник на ВМРО

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Македонското собрание денеска остана без двајца пратеници, Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ и Павле Богоевски од СДСМ.

И Груевски и Богоевски имаат право на апанажа. Груевски се уште не се изјаснил дали ќе го користи ова свое право, додека пак, Богоевски рече дека се уште размислува.

На местото на Никола Груевски доаѓа нов пратеник Ѓоко Камчев.

Камчев е член на ВМРО-ДПМНЕ и доаѓа од Валандово. Роден е на 4.10.1975 и беше пратеник од оваа партија во периодот од 2014-2016 година.

Камчев по професија е Дипломиран политиколог, а завршил на Правниот факултет. Како пратеник од 2014-2016 година бил член на собраниските комисии за надворешна политика и локална самоуправа, како и заменик член на комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој веќе бил повикан на консултации во Државната изборна комисија.

За потсетување, поранешниот премиер Никола Груевски уште во средата ја достави до собранието најавената оставка. Напишана на унгарски јазик и заверена на нотар,  оставката пристигнала на адреса на законодавниот дом.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно