За да му се одземе мандатот на Груевски е потребно двотретинско мнозинство.

Објавил: Сара Фемина | 15 мај, 2019 15:06

ГРУЕВСКИ “РАСПНАТ ВО СОБРАНИЕ” -почнува постапка за одземање на неговиот мандат на чело со Џафери!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Талат Џафери претседателот на Собранието прати допис до Комисијата за мандатно-имунитетни прашања во кое ја известил комисијата дека пратеникот Никола Груевски неоправдано е отсутен од седница на Собрание повеќе од шест месеци.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, беше прогласен за виновен во случајот на (СЈО) познат како „Тенк“ кој се однесува на набавката на луксузниот блиндиран „мерцедес“. Груевски беше осуден на две години затворска казна.

Моментално од Собранието известуваат дека се започнува постапката за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, кој моментално се наоѓа во бегство во Будимпешта. Од партијата на ВМРО-ДПМНЕ изјавуваат дека Груевски не е неоправдано отсутен, туку политички прогонет од самата власт, предводена од премиерот Заев.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, беше прогласен за виновен во случајот на (СЈО) познат како „Тенк“ кој се однесува на набавката на луксузниот блиндиран „мерцедес“.

За одземање на мандатот на Груевски е потребно двотретинско мнозинство.

Според член 59 од собранискиот Деловик, за пратеникот кој неоправдано отсуствувал од седниците на Собранието повеќе од шест месеца, претседателот на Собранието ја известува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Предлог за одземање на мандатот на пратеник во овој случај, поднесува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието, а по нејзиниот предлог за одземање на мандатот на пратеникот, Собранието води претрес на првата наредна седница.
Како што се наведува во членот 59, претресот може да заврши со донесување одлука за одземање на мандатот на пратеникот или со заклучок дека нема елементи за одземање на мандатот на пратеникот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници.

Момчето кое се повреди од струен удар во Трубарево ќе биде испратено на лекување во Софија!

Министерството за здравство информираше дека момчето кое вчера се здоби со изгореници...

Не е напредок на држава да се наоѓаш 105-то место на листата на Транспаренси, туку е навреда на интелигенцијата на граѓаните тоа да го нарекуваш блескање,стои во соопштението на ВМРО.

“Оставката на Богоевски не го покрива фактот дека тој и Заев се најголеми криминалци”

Македонија престана да блеска откако СДСМ дојде на власт.Не е напредок на држава да...

Иако во поголемиот дел од државите во регионот зелениот картон чини околу 10 евра, кај нас чини 60 евра за цела година, а пола од тоа односно 30 евра плаќаат оние кои вадат зелен картон за еден месец, што се сведува на тоа дека македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот. 

Македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот

Летниот одмор не чини цело богатство. Освен што секое семејство плаќа за сместувањето,...