
Македонија
Вести
Порталот МКД њуз објави фотографија од поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски кој бил фотографиран од читател на меѓународниот аеродром Ферихеги – Будимпешта.
Со наслов „Груевски ja напушта Будимпешта!?“ порталот пишува дека не е јасно дали тој испраќа пријатели на аеродромот или пак се спрема да ја напушти Будимпешта.
Дали Никола Груевски се упати назад кон Македонија, останува да видиме!
За случајот „Тенк“ на СЈО, Груевски е осуден на затворска казна од 2 години. Според пресудата тој е виновен за злоупотреба на службената положба и овластување како и „за примање награда за извршување противзаконито влијание“. Во овој случај тој е обвинет дека како премиер побарал од екс-министерката Гордана Јанкулоска спроведување на незаконска јавна набавка за ново блендирано возило кое „било набавено затоа што Груевски сакал да се вози во такво возило, но не сакал јавноста да знае за тоа“.

Откако судот донел решение Груевски да одлежи затворска казна од 2 години за случајот „Тенк“ во затворот во Шутка, неговиот тим од адвокати поднел жалби кои биле одбиени на 9 ноември 2018 година, петок, и повторно го потврдиле решението на Груевски за казната затвор. Судот го ограничил да се јави на одлежување на казната најкасно до понеделник. Во понеделникот Груевски не се јавил во затвор и МВР издало национална потерница за него.
Следниот ден Груевски преку својата Фејсбук страница ја обавестил јавноста дека се наоѓа во Будимпешта и има побарано политички азил од Унгарија.
Поради тоа потерницата за него била преиначена во меѓународна.
Бегството и барањето за политички азил на Груевски во Унгарија предизвикало низа реакции дома и во регионот. Поради политичката ситуација, и десното и левото крило на опозицијата во Унгарија, остро реагирале и побарале од унгарската влада да го уапси и итно да го екстрадира Груевски назад во Македонија.
Сомневајќи се дека Груевски пристигнал во Унгарија преку територијата на Србија, српската опозициона политичка коалиција Граѓански блок 381 побарале отчет за тоа која е улогата на српската влада на чело со Александар Вучиќ во неговото бегство.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.