Искрено и неуморно се бореше за Ромите. Јас сум сведок за тоа. Многу средби, часови и часови за тоа како да им се помогне на Ромите во Македонија.

Објавил: Владо Марин | 24 октомври, 2020 21:31

Груевски се прости од Амди Бајрам: Тој беше добар човек, снаодлив и многу емотивен

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Екс лидерот на Вмро-Дпмне, Никола Груевски на социјалните мрежи се прости од Амди Бајрам кој денеска почина во 64 година од својот живот!

Замина Амбди Бајрам.

Добар човек, снаодлив и многу емотивен, секогаш подготвен за добра шега.

Незаборавен лик во македонската политика со кого имавме одлична коалициска соработка.
Искрено и неуморно се бореше за Ромите.

Јас сум сведок за тоа. Многу средби, часови и часови за тоа како да им се помогне на Ромите во Македонија, пишува Груевски!

Вработувања за Ромите, водоводи и канализациски мрежи, училишта и образование, улици, спортски сали, спортски игралишта…неуморно работеше да помогнеме на сите но често и директно на конкретни поединци кои се нашле во мака.

Беше човек кој помагаше на многу луѓе во тешки времиња на поплави, пожари, сиромаштија….

Моменти од нашите разговори во владата, во партијата, на кардиологија кога лежеше таму, од улиците низ општината Шуто Оризари, кај него дома кога имаше смртен случај во семејството, моменти од дошепнувањата но и настапите на митинзите низ цела Македонија, од парламентот, коалициските средби, од погребот на Есма, од џамијата која ја беше изградил, од легендарните свадби и ромските балови, одбележувањата на градбите на многу објекти и на многу други настани, секогаш ќе ми останат во сеќавањата.

Почивај во мир Амди, напиша Груевски!

Амди Бајрам бил позитивен на Ковид-19 на посмортен тестот на коронавирус, според информациите кои ги доби „Фокус“ од болницата „Жан Митрев“, каде што искусниот политичар денеска почина.

Бајрам почина денеска од срцеви проблеми на 64-годишна возраст откако претходно сериозно му се влоши здравствената состојба и се повлече од политиката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.